Продолжува дебатата за разрешување на министрите од Алтернатива

February 14, 2023
4 mins read

Пратениците од власта во дебатата на денешната собраниска седница за разрешување на министрите од Алтернатива со фокус на постигнатите резултати и европскиот пат на земјата отфлајќи ги тезите на опозицијата и барањата за избори. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, пак, кои доминираа во расправата, со повторни барања за избори и обвинувања за корупција и криминал и „пазар 3“ разговори за новата коалиција со Алијанса за Албанците.

Дебатата на пратениците за разрешувањето на министрите на Алтернатива, односно за министерот за здравство Беким Сали почна со реплики на вчерашниот говор на пратеничката Сафије Садики Шаини од Алтернатива.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ посочија дека тие ги предупредиле Алтернатива дека ќе бидат отфрлени во моментот кога нема да има потреба од нив.

-Оваа коалиција беше од „зорт“ и оваа сега е од „зорт“, истакна Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, според кого Македонците никогаш досега не се чуствувале пофрустрирано.

Пратениците Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ и Димитар Апасиев од Левица денеска во Собранието реагираа за вчерашната одлука на спикерот Талат Џафери со која беше отфрлена Иницијативата за рефер

Мицевски во репликата посочи дека владејачкото мнозинство го прозива ВМРО-ДПМНЕ дека не гласало за договорот со Фронтекс, но не зборува за тоа што три месеци немаше кворум, како и дека не гласале за измените на Кривичниот законик, од кои дел се поврзани со Истанбулската конвенција без да споменат дека пратеничките од оваа опозициска партија заедно со министерот за правда Никола Тупанчевски кој поднесе оставка ги направија сите амандамни на законикот. Според него, и многу коалициски партнери во оваа Влада ќе завршат како Алтернатива.

Мицевски потоа во обраќањето пред пленумот го повтори барањето за избори, потенцирајќи дека на Македонија и требаат нови прогресивни кадри.

-Владата самата си ги покажа своите абнормалии, неспособноста и фалинки. Секој ден излегуваат на површина низа недостатоци, разно разни бирократски процедури поради кои што ни умираат пациенти, општеството е закочено од криминал, а корупцијата едноставно царува. Граѓаните се разочарани и едвај врзуваат крај со крај. А, ветувањата за зголемени плати и пензии остануваат само на хартија, рече Мицевски.

Портпаролот и пратеник на СДСМ, Дарко Каевски денеска, одговорајќи на новинарско прашање, рече дека парламентарното мнозинство е стабилно и дека изборите ќе се одржат во 2024 година.

Во реплика на неговиот говор пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски рече дека оваа Влада успеа да го зголеми производството на струја за 40 отсто и оти првпат во 70 години, сите капацитети за производство на струја се ставени во функција.

-Голем број компании сега се на регулираниот пазар на електрична енергија, што позитивно влијае на зачувување на работни места и помагање на економија. Инсталирани се над 150 мегавати од обновливи извори. 760 милиони евра пакети директна помош за граѓаните во време кога се соочуваме со економска и енергетска криза, рече Каевски додавајќи дека покрај тоа растат платите и пензиите, а невработеноста се намалува.

Пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Јован Јаулески рече дека лидерот на Алтернатива Арбен Таравари ја продал битката на Албанците за „шака директорски места што ќе траат десет месеци“. Според него, партијата која зборуваше против ДУИ се испостави дека не се ништо друго туку соработници на ДУИ. Јаулески рече дека членовите на АА ги изневериле очекувањата на нивните гласачи и дека сега ќе станат соучесници во криминалот и корупцијата, како и дека само неколкумина функционери на АА ќе се збогатат.

– Господине Таравари, ја продаде битката на нашите сограѓани Албанци, за шака директорски места кои ќе ти траат десет месеци. После што ќе правиш? Партијата ќе ти се претопи во ДУИ и ќе треба да ставиш катанец на врата, поточно ќе настане пасокизација на Алијанса, праша пратеникот Јаулески.

Сурија Рушити од АА му одговори на Јаулески со порака до младите политичари кои, како што кажа, да направат разлика помеѓу политичарите кои повеќе и донесоа штета на оваа земја отколку позитивни работи.

-Треба да дадете позитивни пораки, а не негативни, рече Рушити кој посочи дека соработувале со ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, но дека потоа опозициската партија ја продолжила соработката со ДУИ, БЕСА итн.

Вие, додаде тој, велите дека сите сме исти, но не сме сите исти.

-Криминалното владеење со Груевски ви остави последици и вие не можете да најдете сила и да правите разлика. Моето прашање е кој е вашиот концепт за борбата против корупцијата и криминалот, рече пратеникот на АА.

Жаклина Лазаревска од СДСМ рече дека во ВМРО-ДПМНЕ има само пуста желба да дојде на власт за да може да крадат и да продолжат онаму каде што застанале во 2017 година.

-Две и пол години зборувате за предвремени избори, не водите сметка за граѓаните, не водите сметка за државата и справувањето со енергетската и економска криза, воопшто не креирате никаква политика, рече Лазаревска.

ВМРО-ДПМНЕ, како што кажа, нема никаков коалициски капацитет затоа што немате политика што ќе ги застапува интересите на граѓаните.

Според Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ, во оваа, како што рече, „Пазар 3“ коалиција не се знае кој купува, кој продава и зошто преку ноќ се менуваат страните од најлути политички противници во најголеми сојузници. Пратеникот истакна дека на министерот на заминување Беким Сали лично му кажал дека седи до оние кои што брутално го испокрадиле на локалните избори во Чаир.

-Она што треба да се знае дека токму точката на дневниот ред за разрешување на министерот за здравство Беким Сали на кога што веднаш кога го предложија за министер лично јас му укажав дека седи до оние кои што брутално го испокрадоа на локалните избори во Чаир, и кој што пред да го разрешат и веќе разрешен му ја префрлија вината за починатото момче за кое што немаше лек , истакна Стојаноски.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ потенцира и дека меѓу граѓаните владее најголема разочараност од владата досега.

-Во анкетата на ИРИ 94 проценти од граѓаните сметаат дека нземјава е се движи во правилана насока. На „Евротинк“ најголем процент, 70 до 80 проценти граѓаните сметаат дека не ја водите земјата во правилна насока. Треба да поднесете сметка што правите вие, рече Стојановски повикувајќи ги од АА „да им објаснат на чесните и ограбени Албанци зошто тие сега одеднаш влегуваат во влада десет месеци пред редовниот истек на владата“.

Оваа власт е нефункционална и владејачкото мнозинство е во криза и не може да обезбеди кворум за работа на Собранието затоа ќе поддржиме било каква интерпелација, истакна денеска пратеникот н

Пратеникот Халил Снопче од АА му одговори на Стојановски со реченицата „Денот поминува, а правдата останува засекогаш“, потенцирајќи дека ВМРО-ДПМНЕ прави само дневна политика и оти партиите кај нас не ги прифаќаат свиоите грешки.

Стојановски на тоа го праша Снопче дали сега од позиција на владејачко мнозинство ќе ја свика Анкетната комисија за несреќата со Беса транс.

Седницата продолжува во 15 и 30 часот. Пријавени за збор беа 44 пратеници, а останати по оваа точка се повеќе од триесет пратеници. Во рамки на 104. собраниска седница треба да се расправа и за избор на нови министри во Владата кои се на предлог на АА.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ники Хејли објави кандидатура за претседателка на САД во 2024 година

Следно

СЕ ТРЕСЕ ЦЕЛИОТ БАЛКАН – нов уште посилен земјотрес во Романија, почувствуван дури и во Скопје и Белград! (ФОТО)

Latest from Blog

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор

Независниот синдикат на одбраната информира дека денес Министерството за одбрана исполни уште една своја обврска од колективниот договор, исплатени се средствата кои беа заостанати од потпишувањето на КД заклучно со јуни. Исплатата

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

Ова е старт, прв чекор во градењето на инфраструктура за електричната мобилност, што е клучно за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето од страна на транспортниот сектор, проблем што е

ОБСЕ: Насилството врз жените е голема бариера за создавање целосна еднаквост во општеството

Истражувањето на ОБСЕ за благосостојбата и безбедноста на жените кое денеска беше презентирано на јавната расправа насловена како „Спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство“, покажа загрижувачки резултати. „Половина

Роб Бауер: Сојузниците на НАТО ќе треба да инвестираат близу три отсто од својот БДП во одбраната

Сојузниците на НАТО во иднина ќе треба да одвојуваат средства за своите армии во висина од близу три проценти од бруто домашниот производ (БДП), за да ги спроведат новите одбранбени планови на

Осуден поранешниот градоначалник на Драч, Ванѓуш Дако, претходно прогласен за непожелен за САД

Албанскиот специјален суд против организиран криминал и корупција, попладнево му изрече казна затвор во траење од 2 години и 8 месеци на поранешниот градоначалник на Драч, Ванѓуш Дако. Под обвинение за „злоупотреба
Go toTop