Продолжува бомбардирањето на Газа: Во нови израелски воздушни напади загинаа 32 Палестинци

October 9, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Најмалку 32 Палестинци загинаа рано утрово во новите израелски воздушни напади врз Појасот Газа, јавува Анадолу.

Израелски воени авиони погодија станбена зграда во градот Рафа, јужно од градот Газа, при што загинаа 19 Палестинци, соопштија медицински извори.

Петмина Палестинци загинаа во друг напад на куќа во градот Хан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа, додаваат изворите.

Четири лица, исто така, ги загубија животите во воздушен напад во населбата Ал Затар во северниот дел на Појасот Газа. Погодена е и куќа во Деир ал Балах во централна Газа, при што загинаа три лица.

Во напад на џамија во бегалскиот камп Ал Шати, западно од градот Газа, загина една девојка, а неколкумина се ранети.

Израелски борбени авиони извршија и неколку воздушни напади врз Беит Лахиа во северниот дел на Појасот Газа, се наведува во соопштението на Министерството за внатрешни работи, кое го води палестинската група Хамас.

Израелската војска соопшти дека нејзините авиони продолжиле да вршат напади врз Појасот Газа, со цел да ги „уништат капацитетите“ на Хамас.

Се наведува дека во нападите се уништени неколку командни места, вклучително и „оперативно средство што го користи Хамас“ во џамија во Џабалија.

Палестинските групи во Газа во меѓувреме истрелаа повеќе ракети кон Јужен Израел.

Хамас соопшти дека истрелал околу 100 ракети кон крајбрежниот град Ашкелон.

Групата Исламски џихад, исто така, соопшти дека истрелала неколку ракети кон Тел Авив.

Бригадите Ал Касам вчера утрото започнаа сеопфатен напад врз Израел наречен „Поплава Акса“. Илјадници ракети беа истрелани од Газа кон Израел, а вооружени групи влегоа во населбите во регионот.

Групата соопшти дека нејзиниот напад бил одговор на израелските напади во комплексот на џамијата „Ал Акса“ во окупираниот Источен Кудс (Ерусалим) и зголеменото насилство од доселениците.

Најмалку 700 Израелци, од кои 73 израелски војници, загинаа, а над 2.300 се ранети во нападите, соопшти израелското Министерство за здравство.

Израел возврати со серија воздушни напади врз Појасот Газа, при што загинаа над 430 Палестинци, а ранети се најмалку 2.300.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети дека ќе ја искористи сета сили на Израел за да ги уништи капацитетите на Хамас и „да се одмазди за овој црн ден“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

„Со потпис на Артан Груби се отвора можност регионалното подземје да влезе во коцкарскиот бизнис во Македонија“ – обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Следно

Конкурс за новинарски текст по повод „Денот на ослободувањето на Скопје“

Latest from Blog

Претседателот на Непал го распушти парламентот и распиша избори

Непалскиот претседател Рамчандра Паудел го распушти парламентот и свика нови избори за 5 март по една недела смртоносно насилство што кулминираше со назначување на првата жена премиер во земјата. Соопштението од канцеларијата

Сите надлежни институции да постапат итно и безмилосно: Сведочиме на ужас кој не смее да се повтори – се користат сите расположливи сили

❗️Почитувани сограѓани, скопјани, во овој момент сведочиме на ужас кој не смее да се повтори, огромен пожар ја уништува животната средина и директно го загрозува здравјето на скопјани! 🫡 Од самиот почеток,

Ѓорѓиевски со екипите на лице место: Сите сили во борба со разгорениот пожар

Скопје се соочува со сериозен пожар кој моментално ја загрозува животната средина и здравјето на граѓаните. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, заедно со своите колеги Бобан и Дејан, е на терен од самиот почеток

Видео: „Чудни“ женски панталони

На социјалните мрежи се појави видео кое предизвика лавина од реакции – и тоа е поради деталите на детските женски панталони од малопродажниот синџир Target USA. Наместо да привлечат внимание поради нивниот
Go toTop