Продолжува амандманската расправа за измените на Законот за игрите на среќа и за забавните игри

January 11, 2024
1 min read

Собраниската Комисија за европски прашања денеска треба да продолжи со амандманската расправа за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, поднесен од Владата. За измените и дoполнувањата на Законот вкупно се поднесени 19 амандмани од кои 10 од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ изработени во соработка со Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) и Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС). Комисијата во текот на вчерашната седница разгледа и не усвои четири амандмани поднесени од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Амандманската расправа може да трае најмногу три дена.

Вчерашната седница на Комисијата се одвиваше со серија обвинувања меѓу пратениците од опозицијата и од владејачките партии. Тие меѓусебно се обвинуваа за штитење на нечии бизнис интереси, а оние од опозицискиот блок обвинуваат и за повторна злоупотреба на европското знаменце за носење несуштински закони.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Еве што ги прави посебни луѓето родени во јануари

Следно

ЗА ДВА ДЕНА ИСЧЕЗНАА ТРИ МОМЧИЊА ВО ХРВАТСКА – сите се родени 2009 година!

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop