Проданоски за „Прочка 2026“: Учениците ја донесоа карневалската атмосфера во Прилеп

February 20, 2026
1 min read

Со изложба на рачно изработени маски од ученици од основните и средните училишта, поставена во ликовниот салон на НУЦК „Марко Цепенков“, официјално започнаа активностите за прилепскиот карневал „Прочка 2026“.

Над 300 традиционални и модерни маски беа претставени на изложбата, со која се одбележуваат 25 години од постоењето на карневалот и 100 години од уникатната традиционална маска „Прилепски мечкари“. Дел од атмосферата беа и најмладите, маскирани токму како „Прилепски мечкари“, кои со својата енергија и радост ја збогатија манифестацијата.

Градоначалникот на Прилеп истакна дека карневалот „Прочка“ претставува еден од најубавите денови во годината за градот, ден кога традицијата и креативноста се спојуваат и го обединуваат целото локално население.

„Горд сум што традицијата продолжува да живее и да се надградува. Најубав доказ за тоа беа најмалите, маскирани како „Прилепски мечкари“, кои со својата радост и енергија ја збогатија изложбата, а веќе од утре ќе бидат дел и од карневалските случувања во нашиот град.“, порача градоначалникот.

Во рамки на изложбата беа доделени и награди за најдобрите маски во повеќе категории – од најмлади учесници, преку основци и средношколци, до награди за традиционална и најиновативна маска.

Карневалските случувања продолжуваат веќе утре, кога во 12:00 часот ќе се одржи Детскиот карневал, додека главната карневалска поворка е закажана за в недела, на 22-ри, со почеток во 13:00 часот, кога целиот град ќе биде под маски.

Според организаторите, годинава се пријавени над 500 групни и поединечни маски, а карневалот има и меѓународен карактер, со учество на групи од земјава и од странство. Програмата ќе биде дополнета со настапи на жонглери, кловнови, акробати и куклари.

Со почетокот на „Прочка 2026“, Прилеп уште еднаш потврдува дека знае да ја чува својата традиција, но и да ја слави креативноста, правејќи од карневалот настан кој го обединува градот и привлекува бројни посетители.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Новинар на „Дојче веле“ уапсен во Турција

Следно

Убави вести за Флик и Барса: Гави им се врати на тренинзите!(ВИДЕО)

Latest from Blog

Зеленски ѝ нуди примирје на Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека го поддржува предлогот до Русија за прекин на огнот под услов Москва да ги запре сите напади врз енергетската инфраструктура. Во своето вечерно видео обраќање,

Божиновска од Вашингтон: Се отвораат нови врати за економска и енергетска соработка со САД

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, е дел од македонската делегација која учествува на Стратешкиот дијалог во Соединетите Американски Држави, платформа за продлабочување на партнерството меѓу двете земји. Во

Вака би требало да изгледа новиот стадион во Приштина!(ФОТО)

ФОТО:x.com/kosovanfooty Стадионот „Фадил Вокри“ во Приштина би можел да добие сосема нов изглед во наредниот период. Имено, архитектонска фирма од Приштина претстави концептуално решение кое уште на прв поглед привлекува внимание со
Go toTop