Проданоски: Во Прилеп следува инвестициски циклус тежок 990 милиони денари

July 15, 2026
1 min read

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека во изминатите девет месеци локалната самоуправа реализирала значајни активности и обезбедила инвестиции во вредност од 990 милиони денари за капитални проекти.

Според Проданоски, преку развојните програми се обезбедени средства за реализација на повеќе инфраструктурни зафати, додека над 15 милиони денари биле вложени за изработка на проектна документација, како основа за идните инвестиции.

Тој посочи дека успешно е завршена и најголемата јавна набавка во вредност од 168 милиони денари, наменета за рехабилитација на улици, тротоари и локални патишта, при што реализацијата на проектите ќе започне во наредниот период.

 

Проданоски најави дека во тек се подготовките за повеќе капитални проекти кои, како што наведе, со години биле очекувани од прилепчани. Меѓу нив се комплетна реконструкција на подземната инфраструктура и асфалтирање на централното градско јадро кај Орта Џамија, подготовка на проектите за обиколницата „Запад“ и индустриската зона „Комфи Ангел“, како и проект за проширување на малото мовче на улицата „Цане Илиески“, кое треба да прерасне во трет мост со цел да се намали сообраќајниот метеж.

Дополнително, во подготовка се и проекти за реконструкција на улиците „Александар Македонски“, „Зеленгора“ и „Егејска“, како и за целосна обнова на инфраструктурата во населбата „Сточен Пазар“, заедно со повеќе други проекти што се во различни фази на реализација.

„Секојдневно сум на терен, меѓу граѓаните. За мене нема затворени врати, ниту неважни прашања. Тука сум да го слушнам секој предлог, секоја идеја и секоја забелешка, затоа што само заедно можеме да го изградиме Прилеп каков што го заслужуваме“, порача градоначалникот Проданоски, додавајќи дека локалната самоуправа ќе продолжи да работи посветено и одговорно.

ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Потпретседателката на Аргентина: Денеска играме против агресори и пирати!

Следно

Речиси 6 од 10 млади жени добиваат здравствени информации од инфлуенсери

Latest from Blog

Фентанил не веќе единствен проблем- на улиците на САД се појави нова опасна дрога

Нов бран на синтетички дроги ја продлабочува кризата со зависност во Соединетите Американски Држави, каде што на пазарот се појавуваат сè поопасни мешавини од психоактивни супстанции кои го зголемуваат ризикот од фатални

Флик искрен: ПСЖ покажа дека во моментов е подобар тим од нас, имавме што да научиме од овој меч

Барселона ја започна сезоната со серијата од 11 победи по ред, а перфектниот низ беше прекинат во Париз, каде каталонскиот гигант загуби од ПСЖ со 4:2 Веднаш по мечот, тренерот на Барселона

Фенербахче во Истанбул шокиран во 90 минута, Борусија Дормтунд победнички на гостински терен

Третото коло во Лига на шампиони започна со два меча кои завршија со многу погодоци на двете страни. Фенербахче пред своите навивачи одигра нерешено 2:2 против над Славија Прага, во меч на
Go toTop