Проданоски: Прилеп ќе добие нови автобуски линии и модерни возила

February 11, 2026
1 min read

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, беше гостин во утринската емисија „Добро утро Македонијо“, каде одговараше на прашања од гледачите. Едно од нив беше автобускиот превоз во општината и поставување на нови линии кон руралните средини.

Одговарајќи на прашањето дали Прилеп ќе добие модерен автобуски превоз и нови автобуски линии, градоначалникот Проданоски посочи дека во моментов најголемиот дел од финансиските средства се насочени кон превозот на средношколците, што, како што нагласи, е загарантирано право за средношколците во општината.

“Работиме на консолидација на Јавното Претпријатие кое го организира превозот во Прилеп. Сметам дека во еден дел од пакетот на Владата кој го прави за набавка на автобуски возила во Скопје, ќе се набават возила и за останатите градови во Македонија а дел од нив и во Прилеп. Секако разгледуваме и можности да се обезбедат финансиски средства да се набават возила и од самата општина.”

Проданоски потсети дека Советот на Општина Прилеп донел одлука поврзана со организиран јавен автобуски превоз кон руралните средини, која, како што рече, ќе биде целосно испочитувана и реализирана согласно планот и програмата на актуелното раководство.

Градоначалникот најави и дека општината веќе работи на планирање на нови автобуски линии, како и на можноста за набавка на автобуси во сопственост на општината, со што би се обезбедил поодржлив и поквалитетен јавен превоз за граѓаните.

Со овие активности, локалната самоуправа најавува системско решавање на долгогодишниот проблем со јавниот превоз, со јасен фокус на потребите на граѓаните.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дојде ли време за истрага на СЈО: Кој ќе ја отвори „Пандорината кутија“?

Следно

Проданоски најави нови решенија за подобар автобуски превоз во Прилеп

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop