Во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп, со свеченост беше одбележан 10 Април – Денот на артилерискиот баталјон на Армијата.

На настанот присуствуваше градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, кој им оддаде признание на припадниците на баталјонот за нивната посветеност, професионалност и значајна улога во одбраната и безбедноста на државата.
Тој истакна дека овој датум има посебно историско значење, потсетувајќи дека на 10 април 1992 година токму во прилепската касарна била формирана првата артилериска единица во независна Македонија.

Артилерискиот баталјон, како дел од Првата механизирана пешадиска бригада, претставува еден од клучните столбови на Армијата, институција која ужива висока доверба кај граѓаните.
Прилеп, како што беше нагласено, останува горд што е дом на оваа значајна единица и продолжува да го негува духот на традицијата, честа и одговорноста.


