Проданоски од Париз: Нови идеи за електрични автобуси и одржлива мобилност

April 23, 2026
1 min read

Градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Проданоски, информираше дека учествувал на работна посета во Париз, каде што се реализирала размена на искуства во рамки на платформата за еколошки автобуси и одржлив возен парк.

Посетата била организирана од Транспортната заедница и ГИЗ – Германското друштво за меѓународна соработка, со поддршка на Регионалната организација за јавен превоз на Париз, Île-de-France Mobilités. Во рамки на програмата, како што посочи Проданоски, биле презентирани конкретни практики за воведување автобуси со нулта емисија, развој на инфраструктура за полнење, како и управување со енергетските ресурси во јавниот транспорт.

 

„Имавме можност директно да се запознаеме со начинот на кој Париз ја спроведува транзицијата кон одржлив јавен превоз. Овие искуства се од големо значење за нас и ќе помогнат во креирање на идни политики и проекти во Прилеп“, истакна Проданоски.

На средбите учествувале и претставници од Европската банка за обнова и развој и Европската инвестициска банка, кои ги презентирале можностите за финансиска поддршка на проекти поврзани со зелена мобилност и модернизација на транспортот.

Проданоски нагласи дека ваквите иницијативи придонесуваат за јакнење на институционалните капацитети и забрзување на процесите на декарбонизација, додавајќи дека се остварени и нови контакти со европски градови и институции, кои ќе бидат основа за идна соработка.

Тој потенцираше дека учеството на посетата било овозможено без користење средства од буџетот на општината.

„Како локална самоуправа, остануваме посветени на воведување современи, еколошки и одржливи решенија, со цел обезбедување поквалитетен јавен превоз и подобар квалитет на живот за граѓаните“, изјави Проданоски.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Комерцијална банка Скопје (KMB) и Алкалоид Скопје (ALK) ја предводеа ликвидноста, МБИ10 порасна за 0,17%

Следно

Челзи се надева дека Росениор ќе прифати само 4 милиони фунти отштета!

Latest from Blog

Чешка има нов селектор

Репрезентацијата на Чешка, по слабиот настап на годинешниот Мундијал, реши да постави нов селектор. Чесите за прв пат во историјата ќе имаат странец на кормилото на фудбалската репрезентација. Се работи за шпанскиот

Најмалку 34 загинати во експлозија на метан во рудник во Пакистан (ВИДЕО)

Спасувачките операции се во тек за пронаоѓање и извлекување на уште двајца рудари кои беа заробени под земја, изјави Мухамед Фахад, директор за операции на покраинската управа за управување со катастрофи. Покраинскиот

Сали: Соработката со Турција продолжува да ги зајакнува институционалните капацитети и процесот на европска интеграција

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, се обрати на отворањето на Програмата за обука за управување со проектен циклус во рамките на иницијативата IPABRIDGE, која се одржува

Коњановски: Светското фолклорно шаренило е најубавата промоција за Битола

Битола повторно беше место каде се сретнаа различни култури, традиции и фолклорни богатства од целиот свет. Во рамки на фестивалот „Илинденски денови“, градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, организираше прием и фолклорна дружба

Општина Битола: Бесплатен автобуски превоз за 55-та Семакедонска средба во Трново

Општина Битола организира бесплатен автобуски превоз за граѓаните кои сакаат да присуствуваат на 55-та Семакедонска средба, која ќе се одржи во недела, на 2 август, кај црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во
Go toTop