Проданоски: Над 500 маски ја одбележаа „Прочка 2026“

February 23, 2026
1 min read

Со учество на над 500 групни и поединечни маски, детско дефиле и централна карневалска поворка, во Прилеп се одржа јубилејното издание на карневалот „Прочка 2026“. Годинава беа одбележани два значајни јубилеи – 100 години „Прилепски мечкари“ и 25 години од организираното одржување на карневалот во неговата современа форма.

Градоначалникот Дејан Проданоски изјави дека карневалот претставува важен дел од културниот идентитет на градот и дека локалната самоуправа останува посветена на негово унапредување.

– Ова не е само манифестација, туку традиција што ја негуваме со гордост. „Прилепските мечкари“ се наше нематеријално културно наследство и симбол на истрајноста и автентичноста. Сто години традиција се обврска за сите нас – истакна Проданоски, заблагодарувајќи им се на учесниците, институциите и граѓаните.

 

Карневалот имаше и меѓународно учество, а присутен беше и претседателот на Федерацијата на европски карневалски градови, Ларс Алгел, кој оцени дека Прилеп го зацврстува своето место на европската карневалска мапа.

Во рамки на програмата беа доделени награди за најдобрите маски. Гран при наградата ја освои „Весела фарма“ од ООУ „Добре Јованоски“. Во детската конкуренција првото место го доби „Од цветот на знаењето се раѓа медот на успехот“ од ООУ „Кочо Рацин“, а кај возрасните групни маски најдобра беше „Пепелашка на карневал“ од „Зодијак“.

Карневалските активности започнаа со изложба на рачно изработени маски, а завршија на „Чист понеделник“ со заедничка посна трпеза во манастирот „Св. Ѓоргија“ во Присад, со што традиционално беше означен почетокот на Велигденскиот пост.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дипломатите на ЕУ ќе се сретнат со директорот на Одборот за мир

Latest from Blog

„Сејф сити“: За 51,5% помалку прекршоци за поминување на црвено светло, за 20,9% на забраните за возење

Полицијата за една седмица констатира 4910 сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“, од кои за брзо возење се 4.691. Во периодот од 16.02.2026 до 22.02.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на

ДЕЛOВЕН СОБИР ВО ЧЕСТ НА ПЕЦЕ СТОЈАНОВСКИ – СТЕНТОН – ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ТРАДИЦИЈАТА ЗА РЕГИОНАЛЕН РАЗВОЈ

На 19 февруари 2026 година, по иницијатива на претставници од бизнис секторот и во соработка со Регионалната стопанска комора од Битола, предводена од претседателот Мирко Велковски, се одржа деловен собир во чест

Тоневски најави реконструкција на спортската сала во ООУ „Никола Карев“ во Пробиштип – Инвестиција во младите и спортот

Во тек е значајна инвестиција во подобрување на условите за спорт и физичко образование во ООУ „Никола Карев“ во Пробиштип, информира градоначалникот Тони Тоневски. Со реконструкцијата на подот во спортската сала се
Go toTop