Проданоски: Карпалак останува вечен симбол на храброста и жртвата за Македонија

August 8, 2026
1 min read

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, по повод одбележувањето на 25-годишнината од трагичниот настан кај Карпалак, порача дека жртвата на десеттемина прилепски бранители останува вечен потсетник за цената на слободата, мирот и достоинството на татковината.

Одбележувањето на годишнината започна во текот на вчерашниот ден, кога беше оддадена почит на десеттемина бранители од Прилеп кои ги загубија животите во одбрана на Република Македонија.

Со положување свежо цвеќе пред спомен-обележјата во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп и кај селото Лениште, беше оддадена почит на загинатите бранители и на нивната жртва.

Одбележувањето продолжи и утрово со посета на нивните вечни почивалишта.

„Утрово, почит им оддадовме и пред нивните вечни почивалишта, со мисла за нивните семејства, нивните најблиски и за нивното дело кое останува длабоко врежано во историјата на Прилеп и Македонија“, истакна Проданоски.

Тој нагласи дека Карпалак претставува симбол на храброста, пожртвуваноста и љубовта кон татковината и дека обврска на сегашните и идните генерации е да го зачуваат споменот за загинатите.

„Нивната жртва е вечен потсетник дека слободата, мирот и достоинството на татковината имаат своја цена. Наша обврска е да паметиме, да ја чуваме вистината и со најдлабока почит да го негуваме споменот на оние кои без двоумење застанаа во одбрана на Република Македонија“, порача Проданоски.

Во рамки на денешното одбележување, во 13 часот е предвидено положување цвеќе и оддавање почит пред споменикот „Карпалак“ во центарот на Прилеп.

Проданоски упати повик до граѓаните заеднички да им оддадат почит на десеттемина прилепски бранители.

„Нека нивната љубов кон Македонија биде наша трајна обврска и инспирација. Вечна им слава!“, порача Проданоски.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВЛЕН до Обвинителството: Каде заглави случајот „Лотарија“ со Артан Груби?

Следно

Пустец се соочуваат со недостаток на инвестиции во инфраструктура

Latest from Blog

ЕВН: Набавката на броила поминала низ утврдена постапка и проверка на сите критериуми

Во однос на самата постапка, од ЕВН Македонија нагласуваат дека набавката била спроведена согласно законските прописи и однапред утврдените процедури. „ЕВН Македонија ја спроведе постапката за набавка на броила во целосна согласност

По пукањето во Маниса приведени малолетникот, неговите родители и дедо му – 11 се ранети

Гурлек соопшти дека малолетникот кој пукал пред училиштето е приведен, како и неговите родители и дедо му. Инцидентот се случил околу 8 часот наутро по локално време во градот Тургутлу, во близина
Go toTop