Проданоски ја воспоставува практиката на редовни средби со прилепчани

November 14, 2025
1 min read

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, го реализираше првиот приемен ден со граѓаните, каде што лично разговараше со голем број прилепчани. На средбите беа изнесени конкретни идеи, предлози и проблеми, за кои локалната самоуправа презеде обврска за навремено и реално решавање.

Проданоски истакна дека ова претставува почеток на нова, поотворена и потранспарентна пракса во функционирањето на Општината, која ќе продолжи и понатаму со исто темпо. Според него, секој глас и секоја иницијатива од граѓаните се значајни за подобрување на квалитетот на живот во Прилеп.

Градоначалникот ги охрабри сите жители кои имаат потреба или желба да предложат идеи за развој на локалната заедница да закажат средба на телефонскиот број 076 22 99 15 и да споделат свои ставови и предлози.

 

„Заедно градиме подобар Прилеп“, порача Проданоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Битолската гимназија „Јосип Броз Тито“ влезе во елитното семејство Label France Education

Следно

Македонија и Светска банка со заедничка визија за модерно енергетско поврзување

Latest from Blog

Во руски напади врз Украина убиени најмалку седум лица, прекинато снабдувањето со енергија

Обвинителството во источниот регион Доњецк соопшти дека тројца браќа на возраст меѓу 8 и 19 години биле убиени синоќа во гранатирање во градот Краматорск. Нивната мајка и баба исто така биле повредени

Вандализиран автомобил во Скопје

Возило од моделот Фиат 500 бил вандализиран на паркинг во скопската населба Тафталиџе. Од фотографиите што кружат по социјалните мрежи се гледа како автомобилот е ишаран со спреј каде се напишани погрдни

Тоневски: Продолжуваме со вложувања во спортската инфраструктура во Пробиштип

Во општина Пробиштип заврши изградбата на ново кошаркарско игралиште во Злетово, со што учениците од ПОУ „Кирил и Методиј“ и локалното население добија современ простор за спорт и рекреација. Градоначалникот Тони Тоневски
Go toTop