Проданоски: Европското злато е успех за цела Македонија

February 19, 2026
1 min read

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска се сретна со младиот каратист Матеј Белистојаноски, кој на Европското првенство во карате за кадети, јуниори и У-21 во Лимасол, Кипар, освои златен медал и се закити со титулата европски шампион во категоријата У-21 до 67 килограми.

Проданоски истакна дека станува збор за извонреден успех, постигнат во силна конкуренција од 1.276 натпреварувачи од 47 држави, каде Белистојаноски забележал шест победи во исто толку борби, покажувајќи врвна подготвеност, дисциплина и шампионски дух.

„Ова е голем успех кој не само што го афирмира Прилеп, туку и целата држава. Нашите млади спортисти се најдобри амбасадори и гордост за Македонија“, посочи Проданоски.

 

Тој додаде дека локалната самоуправа ќе продолжи да ги поддржува младите таленти и врвни спортисти, нагласувајќи дека ваквите резултати се мотив повеќе за вложување во спортот.

Градоначалникот му посака на Белистојаноски уште многу успеси во иднина, со надеж дека и понатаму ќе ја претставува Македонија на највисоко ниво и ќе продолжи да освојува нови медали на европските и светските првенства.

 

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Врховен судија открива: Притисоци и разрешување по одлука за Јанкуловска

Следно

Алегри доби суспензија и нема да го води Милан против Парма

Latest from Blog

Венс добил шокантни информации

Сликата што ја доби се разликува од официјалната верзија што ја промовираше Доналд Трамп. Како што откри „Њујорк тајмс“, Венс добил катастрофални информации од командантите за ситуацијата во американската војска, во контекст

Божиновска на средба со Ацевски: Секоја забелешка мора да значи конкретна мерка

Божиновска: Ревизорските препораки мора да станат конкретни мерки со рокови и одговорност Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари работна средба со главниот државен ревизор Максим Ацевски, на која

Хуан Мата ја заврши кариерата

Шпанскиот фудбалски суперстар, Хуан Мата реши да стави крај на неговата богата кариера. Последно тој настапуваше во далечната Австралија, во тимот на Мелнурн Сити, а секако зенитот го имаше во тимот на
Go toTop