Проданоски: 49% од прилепчани селектираат отпад – Прилеп останува лидер во Македонија

September 3, 2026
1 min read

Прилеп продолжува да биде меѓу лидерите во Македонија кога станува збор за селекција на отпадот. Според најновото истражување на „Пакомак“, дури 49 проценти од граѓаните на Прилеп селектираат отпад за рециклирање.

Ова го истакна градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, кој посочи дека резултатот покажува оти селекцијата на отпадот сè повеќе станува дел од секојдневните навики на прилепските домаќинства.

„Селекцијата на отпад не е само прашање на систем и опрема. Таа започнува од секој дом, од секое семејство и од навиките што ги создаваме секој ден. Нашата обврска е да обезбедиме услови тие навики да се развиваат“, посочи Проданоски.

Во насока на унапредување на системот за управување со отпадот, за прилепските домаќинства се обезбедени дополнителни 8.318 канти од 120 литри за примарна селекција, како и 126 нови контејнери од 1,1 кубен метар.

Дополнително, обезбедени се и 9 специјализирани возила за собирање отпад, од кои четири веќе се испорачани. Во тек е и набавката и поставувањето на 52 полуподземни контејнери на 21 локација, за инвестиција вредна над 17 милиони денари.

Во рамките на кампањата на ЈКП „Комуналец“ – „Чисто е убаво“, за само 60 дена во процесот на селекција се вклучиле уште 680 нови домаќинства, додека на граѓаните им биле испорачани 1.280 канти.

Проданоски нагласува дека инвестициите во опрема и инфраструктура се важни, но дека успехот на системот зависи и од активното учество на граѓаните.

„Ова се конкретни чекори за подобар и пофункционален систем. Но, секој систем има смисла само кога граѓаните го прифаќаат и го користат. Затоа продолжуваме заедно. Да селектираме, да се грижиме за градот и да создаваме подобри навики. Чист и зелен Прилеп го создаваме заедно“, порача градоначалникот Проданоски.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Димитриеска-Кочоска: Десет квартали по ред економијата бележи позитивен раст

Следно

18,3 милиони денари промет на Македонската берза – НЛБ Банка на врвот

Latest from Blog

Трамп, Путин и Си се согласија на заедничка средба- детали за историскиот настан

Лидерите на Русија, Кина и САД ја потврдија својата подготвеност за одржување трилатерален состанок на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) во кинескиот град Шенжен, изјави денес помошникот на рускиот претседател Јуриј

Божиновска: Соработката со KfW отвора можности за нови енергетски проекти

Новите енергетски проекти, напредокот на тековните активности и можностите за експертска и финансиска поддршка беа теми на работната средба на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на

Се урна авион „Су-30“ (ВИДЕО)

Екипажот се катапултирал, а животите на пилотите не се во опасност, соопшти руското Министерство за одбрана. „Денес, на 21 октомври, авион ’Су-30‘ се урна за време на планиран тренажен лет во Калининградската

Општина Битола: Со јапонска поддршка унапредена училишната инфраструктура

Во ООУ „Св. Климент Охридски“ во Битола заврши реконструкцијата на дел од кровната конструкција, реализирана со финансиска поддршка од Амбасадата на Јапонија во вредност од 80.314 евра. Донацијата придонесува за подобри и

Го фати Јамал за врат, два пати го удри со глава, а сега ја дозна казната (Видео)

Факундо Бернал е фудбалерот на Бетис кој не го дочека крајот на дуелот против Барселона, откако беше исклучен во второто полувреме. Уругвајскиот интернационалец падна на провокацијата и потоа го нападна Ламин Јамал,
Go toTop