Приземјени сите авиони „боинг 737-9“ на „Алјаска ерлајнс“ откако на еден од нив во лет му се откачиле прозорец и дел од трупот

January 6, 2024
1 min read

Федералната управа за авијација (ФАА) објави дека авионот слетал безбедно откако екипажот пријавил проблеми со притисокот. Започната е истрага за инцидентот

Авион „боинг 737-9 макс“ на „Алјаска ерлајнс“ вчера принудно слетал во американската држава Орегон откако му испаднале еден прозорец и дел од трупот на височина од 5 000 метри, набргу по полетувањето.

Фото: МИА

Авиокомпанијата објави дека авионот со 174 патници и шест члена на екипажот слетал безбедно, пренесува Бета.

„Се случи инцидент на летот на авиокомпаниите на ‘Алјаска ерлајнс’ 1282 од Портланд во федералната држава Орегон до Онтарио во Калифорнија набргу по полетувањето“,

се наведува во соопштението од компанијата.

Авионот бил вратен кога се подигнал на 4 876 метри, шест минути по полетувањето.

Еден патник испратил снимка до локална телевизија на која е прикажана огромна дупка од страната на авионот кај патничките седишта.

Од „Алјаска ерлајнс“ соопштија дека поради претпазливост, ги приземјиле сите свои авиони „боинг 737-9“.

„По вечерашниот инцидент на летот 1282, решивме да преземеме чекор на претпазливост при привремено приземјување на нашата флота од 65 авиони ‘боинг 737-9’“,

се вели во соопштението на компанијата.

Федералната управа за авијација (ФАА) објави дека авионот слетал безбедно откако екипажот пријавил проблеми со притисокот. Започната е истрага за инцидентот.

Авионот „боинг 737-9 макс“ бил произведен и добил сертификат пред само два месеца, според податоците на ФАА.

Компанијата „Боинг“ соопшти дека е запозната со инцидентот, собира информации и е подготвена да даде поддршка во истрагата.

„Макс“ е најновата верзија на боинговите авиони 737, авиони со два мотора, кои често се користат на домашните авиолинии во САД. Во функција е од 2017 година. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Повторно Скопје е помеѓу 10-те најзагадени градови во светот

Следно

Спречен нелегален влез на 11 мигранти по контрола на три камиони од Полска

Latest from Blog

Божиновска: Стартува голем инвестициски циклус за енергетска обнова на јавните згради

Денес се одржа онлајн координативен состанок со сите релевантни чинители во процесот на енергетска трансформација, на кој учествуваше и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, при што беше означен

Комерцијална банка најликвидна, а ЗОИЛ Македонија со доминантен блок – МБИ10 со пад од 0,15%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 30 март 2026 година, индексот МБИ10 се намали за 0,15% и заврши на 9.918,01

Британски дипломат протеран од Русија поради обвинувања за шпионажа

Доказите за шпионажа ги открила Московската агенција за безбедност и контраразузнавање, пренесуваат руските медиуми, при што на неименуваниот дипломат му е наредено да ја напушти земјата во рок од две недели. Британската

Министерството за правда и Управниот суд потпишаа Меморандум за соработка

Во пресрет на Денот на правосудството, Министерството за правда претставувано од министерот за правда Игор Филков и Управниот суд претставуван од претседателот на судот, Бурим Сејдини, потпишаа Меморандум со кој се воспоставува
Go toTop