Привремено дозволено пушење на терасите на локалите, забрана за електронски цигари во затворен простор

February 24, 2026
1 min read

Прифатено е одложувањето на примената на законот за пушење на отворени тераси од три страни за да им се остави време на сопствениците на локалите да може инфраструктурно да ги приспособат кон барањата на законот. Во однос на електронските цигари, тие ќе бидат забранети за корисетње во затворен простори, а забранети за продажба ќе бидат и сите вкусови што се атрактивни за младите – најави министерот за здравство Азир Алиу одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

– Процесот за забелешки за тој закон е веќе завршен. Работните групи имаа консултации со стручните лица и со сите „стејкхолдери“ во државата. Исто така, јас и премиерот заедно имавме неколку состаноци и со производители и со потрошувачи, но исто така и со компании, ресторани, кафулиња и така натаму. Дефинитивно, имаше забелешки, кои беа логични и може да бидат прифатени. Но, имаше и такви што не беа прифатени. Прифатено беше одложувањето на примената на законот за тераси – отворени тераси од три страни, кои, за жал, сега се затворени. Им треба време за да може инфраструктурно да се приспособат на законот, појасни министерот во врска со новиот закон за заштита од пушење на населението.

Продажбата на електронски цигари со вкус било половично прифатено барање.

– Барањето кое половично е прифатено беше продажбата на електронските цигари со вкус. Има вкусови што се директно наменети за младата популација. Целта на законот е заштита на населението со фокус на младите. Како држава сме на врвот во Европа по користење нетрадиционални таканаречени помалку штетни или модерни електронски цигари и ќе бидат забранети сите вкусови што се благи и атрактивни за младите, а според направените анализи и според барањата, ќе дозволиме да се продаваат само електронски цигари со неутрален вкус и со вкус на тутун, истакна министерот.

Барањето што не се прифатило било електронските цигари да продолжат да се користат во затворени простории.

– Тоа не беше прифатено. Цениме дека тие се исто така штетни колку што се традиционалните цигари и нема да биде прифатено тие да се користат во внатрешни простории, нагласи министерот.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МБИ10 со пад од 0,33% – Промет од 11,37 милиони денари, ликвидност кај комерцијална банка, макпетрол и алкалоид

Следно

Бербок ги повика САД во целост да ја платат членарината за светската организација

Latest from Blog

ЈКП Комуналец – Прилеп и еко активисти носат пример за чист Прилеп

Викендов, еко активисти од населбата Тризла заедно со ЈКП Комуналец – Прилеп реализираа симболична акција за чистење, со цел да поттикнат свест кај граѓаните за одржување на чиста животна средина. Граѓаните беа

Усвоени значајни одлуки: Советот на Прилеп со нови мерки за јавниот простор

На денешната 10-та седница на Советот на Општина Прилеп беа разгледани и усвоени повеќе одлуки од значење за функционирањето на јавните претпријатија и установи, како и за уредувањето на јавниот простор во

Бербок ги повика САД во целост да ја платат членарината за светската организација

Претседателката на Генералното собрание на Обединетите нации, Аналена Бербок денеска ги повика САД, главниот донатор на светската организација, во целост да ја платат својата членарина откако Вашингтон изврши само делумна уплата, или

МБИ10 со пад од 0,33% – Промет од 11,37 милиони денари, ликвидност кај комерцијална банка, макпетрол и алкалоид

Изготвен од Илирика Инвестментs АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 24 февруари 2026 година, индексот МБИ10 се намали за 0,33% и заврши на 10.125,17

Аргентина ги одложи натпреварите поради обвинувања за измама на фудбалската федерација

Натпреварите од лигата во Аргентина кои се закажани од 5 до 8 март ќе бидат одложени поради обвинувања за измама против Аргентинската фудбалска асоцијација. Претходно, Агенцијата за царинска контрола на земјата ја
Go toTop