Приведени двајца млади Евреи откако навредувале и плукале во христијански свештеник во окупираниот Источен Ерусалим

February 4, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Израелската полиција уапси двајца ортодоксни Евреи, откако се појавија снимки како навредуваат и плукаат по христијански протоереј во окупираниот Источен Ерусалим (Источен Кудс), јавува Анадолу.

Снимката, објавена на социјалните мрежи, покажува како двајца млади Евреи вербално го навредуваат протоереј Никодемус Шнабел од бенедиктинскиот ред на Католичката црква.

Шнабел ги потврди навредите на платформата Х, истакнувајќи дека инцидентот се случил околу 16 часот по локално време вчера.

„Видеата што кружат за мене се автентични. Тие покажуваат дел од реалноста на мојот живот што ретко се снима“, рече тој и додаде:

„Не барав публицитет бидејќи има многу пострашни работи што луѓето мора да ги претрпуваат овде. Да се молиме за мир и помирување.“

Според весникот Хаарец, израелската полиција ги уапсила младите Евреи. Наводно, по сослушувањето им е одреден домашен притвор.

Во последните години забележани се зголемени напади од страна на еврејските доселеници врз христијаните, како и врз нивните верски лица и светите места во Источен Ерусалим (Источен Кудс).

Христијанските институции и верските лица ги обвинуваат израелските власти дека замижуваат пред нападите на еврејските доселеници.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Според календарот на МПЦ, денеска е Св. апостол Тимотеј

Следно

Годишнина од разорниот земјотрес: Ердоган во Газиантеп ги предаде становите на граѓаните кои останаа без домовите

Latest from Blog

Комерцијална банка доминираше со промет – неделата 23–27.03 со 73,54 милиони денари вкупен промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 23.03.2026 – 27.03.2026, на Македонска берза беа реализирани 351 трансакција со вкупен промет од 73.536.409 денари
Go toTop