Приведени 17 лица поради непочитување на деновите на жалост

March 23, 2025
1 min read

Синоќа биле приведени 17 лица поради непочитување на седумдневната жалост поради трагедијата во Кочани.

Како што соопшти МВР, овие 17 лица биле приведени под сомнение за непочитување на одлуката на Владата за седумдневна жалост –  кривично дело по член 387 од Кривичниот законик.

Најмногу, 12 лица, од кои едно малолетно, биле приведени во Прилеп.

Во Скопје е приведено едно малолетно лице и управител на угостителски објект, во Кичево – еден сопственик на угостителски објект и во Куманово се  приведени две лица – менаџер и управител на угостителски објект осомничени дека ја прекршиле донесената одлука. 

„По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави“, информира МВР. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Србија се одржуваат „Збор-на-граѓани“ по примерот на студентите

Следно

Акциска контрола во Тетово и во Гостивар, затворени три угостителски објекти

Latest from Blog

Катар: Иран премина многу црвени линии, нападите имаат катастрофални последици

Предупредувањето доаѓа во време кога војната меѓу САД, Израел и Иран продолжува без знаци на крај на повидок, објави Ал Џезира. Ал-Ансари на денешната прес-конференција изјави дека нападите на Иран врз Катар

Баражи за СП: Босна „гори“, ќе игра на Светско, пеналите ја носат и Чешка на Мундијал (ВИДЕО)

Босна слави! Италија не успеа да ја преживее Зеница и повторно не успеа да обезбеди пласман на Светско. Босанците ја победија четата на Џенаро Гатузо по подобро изведување на пенали, откако по
Go toTop