Приведен студент во САД, водач на пропалестински протести: Универзитетот го отвори патот за моето „киднапирање“

April 5, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Махмуд Халил, студентски активист на Универзитетот Колумбија, кој ги водеше пропалестинските протести во кампусот и сега се бори против напорите на администрацијата на Трамп за депортирање, го нарече неговото апсење на 8 март од страна на имиграциските власти како „киднапирање“, јавува Анадолу.

Со наслов „Писмо до Колумбија“, авторскиот текст објавен во „Колумбија спектатор“ денес, е потврден од неговиот адвокат, според студентскиот весник.

Тој го упатува писмото до „Колумбија – институцијата која го отвори патот за моето киднапирање – и до нејзиното студентско тело, кое не смее да се откаже од својата одговорност да се спротивстави на репресијата“.

„Од моето киднапирање на 8 март, заплашувањето и киднапирањето на странски студенти кои се залагаат за Палестина се интензивира“, вели Халил во текстот.

Тој ги наведе имињата на останатите студенти кои се уапсени и се соочуваат со депортација, меѓу кои и докторантката на Универзитетот Тафтс, Румејса Озтурк.

„Ситуацијата, чудно, потсетува на времето кога избегав од бруталноста на режимот на Башар ал-Асад во Сирија и побарав засолниште во Либан“, вели Халил.

Тој ја истакна улогата на Универзитетот Колумбија во прифаќањето на геноцидот во Газа, ставајќи ја вината на институцијата паралелно со „ционистичкиот доселенички колонијализам“.

„Во 18 месеци од почетокот на геноцидната кампања во Газа, Колумбија не само што одби да ги признае изгубените животи на Палестинците жртвувани за колонијализмот на ционистичките доселеници, туку активно го репродуцираше наративот што се користи за оправдување на ова убивање“, рече Халил.

„Колумбија го потисна студентското несогласување под изговор на борба против антисемитизмот“, напиша тој.

Минатата недела државниот секретар Марко Рубио рече дека се укинати над 300 студентски визи, нагласувајќи: „Секогаш кога ќе најдам вакви лудаци, им ги одземам визите“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Два протестни марша денес во Кочани

Следно

Редовен годишен состанок на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТО

Latest from Blog

Хоџа: Преку партнерство со ЕУ до посилна заштита на природното богатство

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Михалис Рокас, при што беше потврдена заедничката заложба за заштита и одржлив развој

Божиновска на Денот на македонските инженери: Државата мора да инвестира во знаење и кадар

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше и се обрати на одбележувањето на Денот на македонските инженери, по повод 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженери,
Go toTop