Приведен охриѓанец поради изнуда и противправно лишување од слобода

April 2, 2025
1 min read

На 01.04.2025 полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода А.И. од Охрид, постапувајќи по претходна пријава од страна на маж од Охрид, заради постоење сомнение за сторени кривични дела „противправно лишување од слобода“.

Според пријавителот, инаку во роднинска врска со пријавениот, на 31.03. 2025 околу 21 часот А.И. дошол во домот на пријавителот и со пиштол, под закана го држел и физички го нападнал, барајќи од него да му препише во сопственост патничко возило и да добие вработување во фирмата на пријавителот. При тоа, консумирал и бела прашкаста материја.

Откако пријавителот ветил дека ќе ги исполни барањата на А.И., заедно се упатиле кон фирмата на пријавителот, при што тој успеал да побегне и случајот го пријавил во полиција.

А.И. е лишен од слобода, а бил извршен и претрес во стан и други простории кои тој ги користи, при што се пронајдени пиштол, кеси со семки од канабис, остатоци од канабис, една дробилк, предмети со остатоци од бела прашкаста материја и друго.

По целосно расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопштуваат од МВР.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Анчелоти отфрли договор со шпанските обвинители

Следно

Нова збирка раскази „Нешто трето“ од Максим Ристески

Latest from Blog

Израелски војници приведоа екипа на CNN, која известувала за нападот врз Палестинците (ВИДЕО)

Но, наместо да ги притворат доселениците или да ја отстранат нелегалната населба, војниците се свртеа кон палестинските жители на селото Тајасир и тимот на CNN кој известуваше за упадот, пишува CNN. „Стоп!

Манасиевски: Филипче по насока на ПР шефот Башановиќ спремил програма на СДС, како да не беа до пред 2 години власт

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција упати остри критики кон новата програмска понуда на СДСМ и поранешниот министер за здравство Венко Филипче. „Да не беше смешно, ќе

Муцунски: Со техничката влада во Софија не можеме да преговараме

Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски во вечерашното гостување во „Топ тема“ на телевизијата Телма рече дека имало иницијативи за состанок меѓу него, олеснувачи во меѓународните односи и тогашниот колега од бугарска
Go toTop