Претставникот на Туркије во ОН: „Континуирана меѓународна поддршка за Туркије и Сирија е од клучно значење“

March 1, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Новиот претставник на Туркије во ОН, Седат Онал, ја истакна важноста на меѓународната помош за Туркије и Сирија по разорните земјотреси минатиот месец во кои загинаа над 45.000 луѓе, јавува Анадолу.

„Континуираната меѓународна поддршка, за Туркије и Сирија, вклучително и преку ОН, ќе биде од клучно значење“, рече Онал на состанокот на Советот за безбедност на ОН за Сирија.

„Турскиот и сирискиот народ се соочени со огромните последици од еден од најразорните земјотреси во историјата“, рече Онал.

„Туркије се обидува да исполни огромна задача за решавање на многу димензии, вклучувајќи катастрофа и итност, хуманитарна помош и закрепнување во област поголема од Швајцарија, Холандија и Данска заедно со околу 14 милиони жители“, рече тој.

„Додека се бориме со овие предизвици во нашата земја, продолжуваме да даваме сѐ од себе за да ја олесниме испораката на хуманитарна помош до сирискиот народ“, рече Онал.

„Веќе ги поправивме патиштата што водат до граничниот премин Баб ал-Хава, кои беа оштетени од земјотресот. Ги ставивме на располагање и граничните премини Баб ал-Салам и Баб ал Раи за побрз и поголем трансфер на помошта на ОН до најпогодените области каде таа е очајно потребна“, рече турскиот претставник.

„Откако двата земјотреси ги погодија двете земји, вкупно 456 камиони со помош ги преминаа граничните премини, доставувајќи основни средства за помош на милиони Сиријци“, рече тој.

„Одржувањето на зголемен одговор на ОН преку овие премини колку што е потребно ќе биде критично важно за на најбрз, ефективен и најефикасен начин да се задоволат потребите во Сирија“, додаде тој.

Бројот на загинати во разорните земјотреси што ја погодија Туркије се зголеми на 45.089, соопшти рано утринава турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).

На 6 февруари земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени по Рихтер погодија 11 турски области – Адана, Адијаман, Дијарбакир, Елазиг, Хатај, Газиантеп, Кахраманмарас, Килис, Малатја, Османије и Шанлиурфа.

Повеќе од 14 милиони луѓе во Туркије се погодени од земјотресите, како и многумина во северозападна Сирија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Чавушоглу се сретна со неговиот руски колега Лавров

Следно

Субвенции на велосипеди за првпат во општина Илинден

Latest from Blog

Коњановски: Во 2027 година се планира пуштање делница од 12 километри на автопатот Прилеп–Битола

Делница од 12 километри од автопатот Прилеп–Битола е планирано да биде пуштена во сообраќај во 2027 година, а до крајот на 2028 година да бидат асфалтирани вкупно 28 километри. Ова било најавено

Проданоски: Потенцијалот на младите да го претвориме во дела за Прилеп

Повеќе од 200 млади од Прилеп учествуваа во симулација на Европскиот парламент, преку која се запознаа со функционирањето на европските институции, носењето одлуки и значењето на демократската дебата. Градоначалникот Дејан Проданоски ја

Божиновска: Македонија е дел од трансатлантскиот дијалог за енергетска безбедност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на 18 и 19 ноември ќе учествува на Седмиот состанок на Партнерството за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC) во Варшава, Полска, организиран во соработка

Коњановски: Гласот на младите треба да се преточи во конкретни локални решенија

Триесет средношколци од Битола развија проектни предлози за решавање проблеми во својата заедница, во рамките на проектот ЛАПСИ – Локални активни платформи за социјални иновации. На денешната работилница тие ги финализираа идеите

Општина Прилеп: Втор повик за поддршка на семејствата со првачиња во учебната 2026/2027 година

Општина Прилеп објави втор јавен повик за доделување еднократна парична помош на семејствата со деца запишани во прво одделение во учебната 2026/2027 година. Повикот е наменет за родителите кои не аплицирале во
Go toTop