Претставник на Хамас: Конфликтот во Газа е дел од глобална војна предводена од САД

October 23, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Во Газа се одвива глобална војна предводена од Соединетите Американски Држави (САД), изјави висок претставник на Хамас, јавува Анадолу.

Халид Мешал говореше преку видеоконференција на Газа форумот во Туркије организиран од околу 60 арапски организации.

Мешал рече дека и покрај 16 години блокада и последователни војни, населението на Газа покажало извонредна издржливост и отпор.

Нагласи дека палестинските вооружени групи презеле значаен чекор кон враќање на светите места и ослободување, но дека тие настани подоцна се претвориле во ционистичка одмазда обележана со уништување училишта, џамии, болници и домови.

Тој, исто така, истакна дека САД и другите западни земји дале зелено светло за израелските напади врз Газа, спроведувајќи тактика на „изгорена земја“ со „цел уништување на отпорот на Хамас и поддршката што ја доби од народот“.

„Војната во Газа започна во знак на поддршка на џамијата Ал-Акса, а потоа продолжи со кукавичка одмазда (напади од Израел, заб.ав.), а денес еволуираше во глобална војна предводена не само од Соединетите Американски Држави, туку и поддржана од САД“, рече Мешал.

Тој ја истакна важноста од обезбедувањето хуманитарна помош за Газа и поддршка на отпорот, заедно со неопходноста од секојдневни демонстрации против нападите и зајакнување на палестинската перспектива во медиумите.

Израелската армија продолжува со интензивните воздушни напади врз Газа, уништувајќи цели квартови.

Најмалку 4.651 Палестинец, меѓу кои 1.873 деца, загинаа во израелските напади врз Газа.

Неутврден број луѓе останаа заробени под урнатините.

Израел ја бомбардира Газа по ненадејниот напад на Хамас на 7 октомври и ја стави целата енклава под блокада, оставајќи ги нејзините 2,3 милиони жители со малку храна, вода, гориво и медицински материјали.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сончево и топло со мала до умерена облачност

Следно

Министерство за здравство на Газа: Израел користи невообичаено оружје кое предизвикува тешки изгореници

Latest from Blog

Левандовски влезе во КЛУБОТ 500! (ФОТО)

Фото: ФЦ Барселона/Твитер Уште еден доказ дека станува збор за еден од најдобрите напаѓачи во светот во последните 15 годиини. Имено напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, го запиша својот 500-ти натпревар во

Откажани се вкупно 20 летови: Најнови информации од Скопскиот аеродром, важна вест за патниците

Од 00:00 часот на полноќ до 20 часот, денеска 21 декември 2025 година, на Меѓународниот Аеродром Скопје, поради намалена видливост предизвикана од магла, состојбата со авиосообраќајот е следна: -Слетаа 13 авиони, од:

Џенифер Лоренс јавно го „чепна“ заводникот Леонардо Дикаприо: „Изгледаш одлично со…“

Убавата актерка Џенифер Лоренс предизвика големо внимание во јавноста поради верувањето дека суптилно јавно го критикувала својот колега Леонардо Дикаприо за неговиот љубовен живот, односно партнерките кои ги избира. Двајцата биле гости

Комерцијална банка и Македонијатурист со најголем неделен промет, МБИ10 со пад од 0,41%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 15 до 19 декември 2025 година, на Македонската берза беа реализирани 328 трансакции со вкупна
Go toTop