Претседателот на Уставниот суд Костадиновски се сретна со амбасадорот на ЕУ во земјава

December 17, 2024
1 min read

Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија, д-р Дарко Костадиновски и судијата м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, се сретнаа со амбасадорот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Н.Е. Михалис Рокас.

На средбата, претседателот на Судот, го информираше амбасадорот на ЕУ за актуелностите, но и за предизвиците со кои се соочува Судот во неговото работење во изминатиот период.

Уставен суд

Претседателот на Уставниот суд, Костадиновски, потенцираше дека императивна заложба на Судот е да го чува Уставот, без разлика на какви било обиди за политизација и етнизација во неговото постапување. Заемна констатација беше дека заштитата на владеењето на правото и правната држава треба да биде врвен приоритет на сите фактори во нашето општество како единствен начин за враќање на довербата на граѓаните во институциите на системот. За таа цел, двајцата соговорници се согласија дека е неопходно да се обезбеди и почитува независноста и самостојноста на Уставниот суд, како впрочем и на целиот правосуден систем, во сите аспекти.

Претседателот на Уставниот суд, се заблагодари за поддршката на Уставниот суд, преку проектот на ЕУ „Strengthened capacities of the Constitutional Court“.

На средбата беше изразена заемна согласност за продолжување на соработката и во наредниот период.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кривичен суд ќе одлучува за притвор за Груби и Бајрами, одземени пасошите на другите четворица

Следно

Русија почна масовно да ги повлекува војската и опремата од Сирија

Latest from Blog

Усвоена Стратегијата за образование 2026-2032

Министерството за образование и наука информира дека е усвоена новата  Стратегија за образование 2026-2032 и Акцискиот план за нејзина имплементација. -Стратегијата во изминатите неколку месеци е изработена преку широка дискусија, со учество на бројни
Go toTop