Претседателот на ССМ обвинува дека МИА цензурирала пренос од седница на Економско-социјалниот совет

July 30, 2025
1 min read

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, денеска на социјалните мрежи упати сериозни обвинувања кон Медиумската информативна агенција (МИА) дека извршила цензура врз изјавите на синдикалните претставници дадени по седницата на Економско-социјалниот совет.

Трендафилов информира дека МИА во живо го пренесувала настанот, но преносот ненадејно бил прекинат, а видеото од преносот било избришано од официјалниот профил на агенцијата и сега не е достапно за јавноста. „Кој му нареди на раководството на МИА да цензурира, а патем заборави дека интернетот не работи по диктат!“, порача тој.

Во прилог на објавата, претседателот на ССМ сподели дел од избришаното видео и најави дека целосната изјава ќе биде објавена подоцна.

Овој случај отвори дискусии за транспарентноста и слободата на медиумите, а од МИА сè уште нема официјален став по обвинувањата.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Разговор со Борче Пауновски

Следно

6 активни пожари во Македонија

Latest from Blog

ЈКП Комуналец – Прилеп: Продолжуваат активностите за уредување на јавните површини

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп извршија поправка на оштетените куќарки во паркот кај Основниот суд Прилеп, еден од најпосетените паркови во градот. Станува збор за простор кој важи за едно од омилените

Борче Димитровски: ОУ „Даме Груев“ добива современи спортски игралишта

Со стартот на новата градежна сезона, започна реализацијата на уште еден значаен проект во Битола – изградба на спортски игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“. Како што информираше секретарот на Општина

Хоџа: Продолжуваме со силни инвестиции во Арачиново

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, и градоначалникот на Арачиново, Даут Беќири, на денешната работна средба го потврдија напредокот на клучните инфраструктурни проекти во општината. Во моментов се активни
Go toTop