Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај во рамките на ФУЕН конгресот во Болзано во Јужен Тирол, Италија учестуваше на работен состанок на работна група на словенски малцинства (АГСМ) при Федералната унија на европските националности (ФУЕН).
Освен активното учество на конгресот што се одржа во Болзано во Јужен Тирол, Италија учествував и на состанок на работна група на словенските малцинства, при ФУЕН. Разговаравме за проблемите на словенските малциства во Европа.
Секој од нас имаше кратка презентација и околу проблемите што ние Македонците ги имавме, рече Ѓурѓај за Македонски весник “Илинден”.
Македонското друштвото ”Илинден”-Тирана член е на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) од 16 мај 2015 година и е дел од работната група на словенските малцинства. Во групата на словенските малциства од Eвропа се 32 организаци, рамноправни членки на ФУЕН.


