Претседателот на Бангладеш го распушти Парламентот, ставајќи крај на ерата на премиерката Хасина

August 6, 2024
1 min read

ДАКА (АА) – Претседателот на Бангладеш, Мухамед Шахабудин, денес го распушти Парламентот, со штостави крај на периодот на владеењето на премиерката Шеик Хасина, која побегна во Индија поради масовните антивладини протести, јавува Анадолу.

Парламентот се формира по контроверзните избори на 7 јануари, кои беа бојкотирани од главните опозициски партии, вклучително и Националистичката партија на Бангладеш (БНП) и нејзиниот партнер, движењето Џамаат-е-Ислами.

Претседателството во соопштението наведува дека одлуката за распуштање на Парламентот е донесена по разговорите со началниците на армијата, лидерите на политичките партии, претставниците на граѓанското општество и водачите на демонстрациите организирани од студентите.

Студентите дадоа рок од 24 часа да се распушти Парламентот и да се формира привремена влада.

Се наведува и дека Халида Зија, лидерката на главната опозиција и на БНП, е ослободена од затвор. Седумдесет и осумгодишната политичарка, која на позицијата премиерка на Бангладеш беше два мандата, во 2018 година беше осудена на 17 години затвор заради корупција.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Триатлонци хоспитализирани по пливање во Сена

Следно

Македонски полицаец внесувал милиони фалсификувани евромонети во Косово

Latest from Blog

Дензел Дамфрис е нов играч на Реал Мадрид

Тимот на Реал Мадрид денеска и официјално го промовираше, Дензел Дамфрис за свој нов играч. Десниот бек досега беше дел од тимот на Интер, а од Мадрид одлучија да ја платат откупната

Нежната срна спасена, но со тешки последици сега живее на село, со мало јаре спасено од колење

Срната била пронајдена во житно поле во Кичевско, од двајца работници на ЕВН, со две речиси пресечени нозе и една тешко повредена. Според Здружението за заштита на животните „Анимал рескју проект“, некој

Телефонски разговор Трамп – Путин

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, разговарале телефонски за актуелни меѓународни прашања, вклучувајќи го конфликтот во Украина, ситуацијата на Блискиот Исток и идната соработка меѓу двете земји, според

Игор Ивановски и “Реформаторите“ поради кои СДСМ ја изгуби власта

Игор Ивановски, човекот кој денес се претставува како голем реформатор и носител на „Платформата за иднината на Мицкоски“, беше Генерален Секретар на СДСМ, Потпретседател на СДСМ, а на последните парламентарни избори во
Go toTop