Претседателката Сиљановска Давкова ја прими заменик извршната директорка на UN Woman, Њараѕаи Гумбонзванда

October 17, 2024
1 min read

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими заменик извршната директорка на Агенцијата на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените, UN Woman, Њараѕаи Гумбонзванда.

На средбата, како што соопшти Кабинетот на претседателката, биле разменети мислења за постигнатиот напредокот во земјава во однос на родовата еднаквост, ефикасноста на стратегиите за борба против родовото насилство, можностите за економско зајакнување на жените, зголемување на нивната застапеност на лидерски позиции, предизвиците со кои се соочуваат жените од маргинализираните заедници, како и за соработката со UN Woman.

Кабинет на Претседател

-Соговорничките се согласија дека еднаквото учество на жените во креирање на политиките, како и во областите на одбраната, безбедноста и меѓународните односи е од суштинско значење за инклузивен и одржлив развој. Во тој контекст беше истакнато дека родовата нееднаквост е повидлива на локално ниво, каде жените кои се стремат за лидерски позиции се соочуваат со бројни бариери кои произлегуваат од патријархалните вредности и родовите стереотипи. Воедно, беше посочено дека се неопходни поголеми инвестиции и во програмите наменети за создавање поправеден пазар на труд, односно рамноправност и еднакви можности меѓу жените и мажите на пазарот на труд, се наведува во соопштението.

Кабинет на Претседател

Со цел унапредување на родовата еднаквост и подобрување на статусот на жените во сите области од јавниот и приватниот живот, претседателката истакнала дека земјава ќе продолжи со целосно усогласување на националните стратешки документи со Агендата за одржлив развој 2030 и со Цел 5 за одржлив развој: Родова еднаквост.

Во разговорот со Гумбонзванда, претседателката Сиљановска Давкова ја нагласила нејзината целосна посветеност на подигање на свеста за прашањата за родовата еднаквост и изрази поддршка на иницијативите кои го унапредуваат севкупниот статус на жените во македонското општество. Таа изразила уверување дека блиската соработка со агенциите на ОН и UN Women ќе продолжи и ќе се продлабочи и во иднина, со цел обезбедување на родовата еднаквост меѓу приоритетните задачи на националната агенда.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лажни пријавите за поставени бомби на неколку локации во Атина

Следно

По 10.000 денари за јорганџија, опинчар, јажар, крзнар, грнчар, шапкар…

Latest from Blog

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE
Go toTop