Претседателката на ДКСК поднесе оставка – известувањето Димитровска го поднела изутрината до Собранието

July 25, 2025
1 min read

Претседателката на Антикорупциска комисија Татјана Димитровска по жестоките реакции во јавноста изминативе денови поднесе оставка. Ваквата одлука на Димитровска за заминување од позицијата прв антикорупционер доаѓа една недела откако Јавното Обвинителство отвори обвинение против неа. Од кабинетот на претседателот на Собранието Африм Гаши потврдија дека оставката е веќе пристигната и дека ќе се постапи согласно процедурите.

-Кабинетот на претседателот на Собранието ја информира јавноста дека претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Татјана Димитровска, денес до претседателот на Собранието Африм Гаши, поднесе оставка од нејзината функција. Истовремено, ве информираме дека Собранието ќе постапи согласно предвидените процедури, изјави од кабинетот на претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Бидејќи се работи за оставка, натамошната процедура е Собранието на една од наредните седници само да го констатира престанокот на мандатот без никаква дебата, а потоа ќе почне постапка за избор на нов претседател. Во кусото известување Димитровска не навела причина за оставката, туку само се повикува на Законот за спречување на корупцијата член 14 став 1, алинеја 1.

„На претседателот односно членот на Државната комисија му престанува функцијата пред истекот на мандатот ако поднесе оставка“, се вели во законот за спречување на корупција.

Сепак одлуката Димитровска ја носи по острите реакции во јавноста во кој се бараше Собранието да покрене иницијатива и да ја разреши, но претседателот на Собранието Гаши во понеделникот изјави дека нема законска можност за нејзино разрешување бидејќи за тоа е потребно правосилна судска пресуда. Против Димитровска е покренато обвинение по два основа поради што судот одреди мерка забрана за вршење дејност.

Таа е обвинета за поврзаност со предметот „Адитив“ бидејќи одавала службени тајни, односно од својот телефон преку вибер и ватсап пренесувала податоци за поведени постапки за обвинет од овој предмет. Дополнително се терети и за незаконско стекнување државен безбедносен сертификат бидејќи го добила откако тестот за неа го положил ревизор а не таа самата.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Мајка“ распродаден за кината во Европа пред својата светска премиера во венеција

Следно

Светската програма за храна дистрибуираше брашно на семејствата погодени од глад во Хан Јунис

Latest from Blog

Дневен хороскоп за 18 декември 2025: Што ви носи денешниот ден?

Бик Стабилноста е ваш приоритет, а денешните транзити ги поддржуваат вашите материјални аспирации. Вашата интуиција за профитабилни зделки е силна, но не брзајте со потпишување. Обрнете внимание на удобноста во домот –

Криминалот во Лотарија го потврди и ДЗР, каде завршија 2 милиони евра украдени во време на СДС и ДУИ

Државниот завод за ревизија констатира серија сериозни нерегуларности во финансиското работењето на институцијата под раководството поставено токму од СДС и ДУИ. ДЗР утврди дека постои злоупотреба на 2 милиони евра, пари на

Истражување: Мажите кои не се чувствуваат добро во брак секогаш ги избегнуваат овие 10 теми

Истражувачите на Универзитетот Бригам Јанг откриле дека длабоко вкоренетото незадоволство од бракот честопати го предвидува и нивото на интимност, при што мажите ги доживуваат овие емоции поинаку од нивните партнерки. Незадоволството често
Go toTop