ПРЕСВРТ ВО ВАШИНГТОН? – Трамп се подготвува за средба со Ким, ги прекина и воените вежби

August 20, 2026
1 min read

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека планира да се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун до крајот на годинава. Според пишувањата на медиумите, Трамп веќе побарал од своите соработници да организираат средба во четири очи уште оваа есен.

Како знак на добра волја, Трамп му нареди на Пентагон да ги скрати заедничките воени вежби со Јужна Кореја, оценувајќи ги како непотребно провокативни кон Пјонгјанг. Сестрата на севернокорејскиот лидер, Ким Јо Џонг, потврди дека личните односи меѓу двајцата лидери се одлични, иако истакна дека не е запознаена со нови директни контакти.

Околу севернокорејскиот арсенал се појавија големи разминувања во бројките:

  • Доналд Трамп изјави дека Северна Кореја располага со 57 „многу моќни“ нуклеарни боеви глави.
  • Јужнокорејското Министерство за одбрана проценува дека Пјонгјанг има помеѓу 80 и 120 нуклеарни глави.
  • Меѓународните институти како СИПРИ проценуваат дека Северна Кореја има склопено околу 60 боеви глави, но располага со материјал за уште најмалку 30.

По неколкуте состаноци во 2018 и 2019 година и подоцнежниот затишје во преговорите, Трамп во својот нов мандат очигледно прави обид одново да го оживее директниот дијалог со Северна Кореја.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Возило удри во автобуска постојка на Бит Пазар

Следно

Лукаку: Минатата сезона ми беше најлошата во кариерата, ме бојкотираа во Наполи!

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: ДДВ-то за дизелот од 18 се намалува на 10 отсто

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, информираше дека Владата донела одлука за повторно намалување на стапката на ДДВ за дизелот, од 18 на 10 отсто. Според неа, мерката е донесена како одговор на

Меџити: Честитки до мојот пријател Албин Курти за реизборот за премиер на Косово

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на партијата ВЛЕН, Изет Меџити, му честиташе на Албин Курти за повторниот избор за премиер на Република Косово. Меџити оцени дека во периодот што следува Македонија

Фановите на Ливерпул запреа автомобил на фудбалер после киксот – настана хаос!

Разочарувањето по уште едно промашување на Ливерпул за малку ќе се претвори во многу непријатна ситуација на улиците по натпреварот против Фулам. Откако натпреварот заврши без голови, група навивачи на Ливерпул го

Димитриеска-Кочоска: Економскиот раст и инвестициите се доказ дека политиките даваат резултати

13 септември 2026, Скопје – Република Македонија го задржа кредитниот рејтинг којшто го оценува Кредитната агенција „Фич“. Ова за мене беше силна потврда за конзистентноста на политиките што ги спроведуваме и силен
Go toTop