Прешова: Со одлуката за платите на функционерите, Уставниот суд ја замени волјата на законодавецот со сопствената

May 17, 2023
2 mins read

Уставниот суд во овој случај не требал воопшто да интеревенира и да се поставии во еден вид на позитивен законодавец. Со ова што го направил всушност избрал нешто што е покорисно и за самиот суд, односно за уставните судии, а тоа е да си ги зголемат платите, без да имате јасна волја кај законодавецот за такво нешто

Уставниот суд, во случајот со одлуката за укинување на членот 4 од Законот за плати на функционерите, со што тие добија плати повисоки за 78 отсто, ја има заменето волјата на законодавецот со сопствената волја, односно, избрал нешто што е покорисно и за самиот суд, односно за уставните судии, а тоа е да си ги зголемат платите, оценува универзитетскиот професор Денис Прешова.

Според него, оваа одлука воо многу нешта потсетува на одлуката на уставните судии од 2016 година за изменување и дополнување на Законот за помилување.

„Чуварите на уставноста повторно не враќаат на една ситуација претходно, особено 2016 година, и читајќи ја оваа одлука се навратив и тогаш во однос на онаа одлука, позната и контроверзна пред се, за помилувањето односно Законот за изменување и дополнување на законот за помилување. И тогаш имавме некој адвоокат, сосема случајно да достави иницијатива, тогаш беше од Охрид сега е од Скопје. Ги прашувам колегите, најголем дел од нив не го познаваат, пребарував на интернет да видам дали има некакво интервју, некакви изјави дадено, бидејќи успеал да добие условно речено случај на Уставен суд, односно да укине делови од законот, а нема никаква изјава. Би претпоставил дека во таква ситуација би сакал да се промовира посебно дека е помлад адвокат. Од друга страна, брзината со која се одлучува, со која се носи оваа одлука од четири месеци, повторно ме навраќа исто така и на тој случај. Уште една работа ме навраќа на таа одлука со укинување на законот за помилувањата, а тоа е дека Уставниот суд упорно не може да сфати или не сака да сфати, не му одговара на некого, која е неговата вистинска улога во системот“,

изјави Прешова во вечершаното гостување во Топ тема на Телма.

Она што во основа го има направено Уставниот суд е тоа што ја има заменето волјата на законодавецот со сопствената волја, нагласи Прешова.

„Укинува само едни решенија, но не и други. Во правото, уште од римското право, постои една максима дека подоцна донесениот закон го дерогира претходниот закон што значи дека порелевантна е волјата на законодавецот која е подоцнежна него претходна дури и ако јасно не ја изменил претходната волја. Уставниот суд во овој случај не требал воопшто да интеревенира и да се поставии во еден вид на позитивен законодавец. Со ова што го направил всушност избрал нешто што е покорисно и за самиот суд, односно за уставните судии, а тоа е да си ги зголемат платите, без да имате јасна волја кај законодавцеот за такво нешто. Зошто законски не се интервенираше за ова прашање, туку се најде ваков скратен пат или скриен пат до зголемување на платите. Мислам дека тоа е апсолутно некоректно и покажува дури и непознавање на улогата и на основните принципи или тенденциозност, инструментализација на Уставниот суд во насока на зголемување на платите“,

додаде професорот Прешова.

Покачувањето на платите на функционерите дојде откако Уставен реши да ја укине одредбата со која се замрзнува основицата по која се пресметува платата на функционерите. Основицата, инаку, е предвидена да се определува според просечната плата во државата и за да се дојде до платата што ја земаат избраните и именувани лица, таа се множи со коефициент. Со тоа, функционерите добија покачувања од 78 отсто.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

(ФОТО+ВИДЕО) Силно невреме ја зафати Србија, поплавени се улиците низ градовите

Следно

Бела куќа: Бајден на самитот на Г7 во Хирошима нема да се извини за употребата на нуклеарно оружје

Latest from Blog

Турски мајстор на бастуни ги гравира имињата што ја обликуваа турската историја

ИСТАНБУЛ (АА) – Селами КУЧУКОГЛУ – Мајсторот на ракотворби Шахин Караман создаде специјална колекција составена од 19 парчиња бастуни на кои се гравирани имињата, историските мотиви и настаните што ја обликуваа турската

Хамилтон помина без казна

Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон избегна казна за попречување на Алекс Албон на свиокот 17 за време на вториот слободен тренинг во Саудиска Арабија. Возачот на Вилијамс беше во брз круг и

Во Рим започна втората рунда индиректни американско-ирански нуклеарни преговори

АНКАРА (АА) – Денес, во главниот град на Италија, Рим, започна вториот круг индиректни преговори помеѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Иран за нуклеарната програма на Техеран, пренесува Анадолу. Иранската новинска агенција

19-годишен возач загина кај Миравци

Денеска (19.04.2025) околу 04 часот во ОВР Гевгелија, било пријавено дека на регионален пат с.Миравци- с.Давидово, патничко возило „бмв“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Т.П.(19) од с.Миравци, гевгелиско, излетало надвор од

Продолжуваат протестите во Кочани: Семејствата на жртвите бараат правда за пожарот во дискотеката „Пулс“

Семејствата на загинатите во пожарот што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани организираа трет протестен марш во знак на сеќавање на трагедијата што се случи на 16 март. На маршот, кој
Go toTop