Пренџов: Во првите 100 дена од Владата на ВМРО-ДПМНЕ во Македонија има 600 милиони евра странски инвестиции

October 1, 2024
1 min read

Ние кажавме дека диктати не прифаќаме, она што бараме е предвидливост. Нашата цел е како Македонците и сите граѓани што живеат во Македонија да ги внесеме во Европската Унија. Додека пак планот на СДС беше како Бугарите да ги внесе во македонскиот уставот за година дена повеќе на власт”, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Пренџов во гостување во „Топ Тема” на ТВ Телма.

Тој продолжи и додаде:

„Она што ќе го работиме е добра економија како на пример сега во првите 100 дена за прв пат после долго време каде имаме 600 милиони евра странски инвестиции. Правење на правна држава со ред и поредок на правен систем. Да бидеме почитуван посакуван партнер на било која европска држава. Ќе продолжиме и со лобирање во Брисел, Рим, Париз, Берлин ако треба и во Софија со цел давање на аргументи за ова што се случува, случувало и она што го нудиме како вин-вин ситуација”, рече Пренџов.

Пренџов истакна дека истиот ден кога ќе станеме членка на ЕУ да влезат тогаш Бугарите во Устав.

„Ако Бугарија сака навистина ние да се движиме напред, ако тие сакаат нивните неколку стотини Бугари да бидат дел од македонскиот Устав, а ние сакаме да сме членка на ЕУ тогаш истиот ден кога ќе станеме членка на ЕУ Бугарите да влезат во македонскиот Устав”, дециден е Пренџов.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МЗШВ: Николовски посеа страв, безредие и хаос во земјоделството сега може да гледа како требаше да работи!

Следно

Не знаеле дека во собата им виси Пикасо, ја нарекувале „грдата слика“

Latest from Blog

Мбапе демантира: „Не е вистина дека во Реал ми прегледувале погрешно колено!“

ФОТО:Real Madrid C.F./FB Француската ѕвезда на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, издаде соопштение за да ја разјасни својата физичка состојба и односот со својот клуб. Тој ги коментираше шпекулациите околу неговото здравје и

Поранешниот извршен директор на Гугл, Мет Бритин, е новиот генерален директор на Би-Би-Си

Тој ќе го замени Тим Дејви, кој ја објави својата оставка по контроверзноста околу програмата Панорама и говорот на американскиот претседател Доналд Трамп. 57-годишниот Бритин, кој ги водеше операциите на Гугл за

Поранешниот извршен директор на Гугл, Мет Бритин, е новиот генерален директор на Би-Би-Си

Тој ќе го замени Тим Дејви, кој ја објави својата оставка по контроверзноста околу програмата Панорама и говорот на американскиот претседател Доналд Трамп. 57-годишниот Бритин, кој ги водеше операциите на Гугл за
Go toTop