Пренџов: Во петок закажавме јавна расправа која ги вклучува сите чинители за да не ни се повторуваат вакви трагедии

February 4, 2025
1 min read

Навистина ова е една голема трагедија што ја потресе целата македонска јавност, истовремено практично е едно отрезнување за тоа изминатиот период и изминатите години каков систем се создаде во Република Македонија. Систем во којшто не случајно во изминатиот период кога се правеа анкети, најголем дел од граѓаните не сакаа повеќе да бидат тука, да живеат, вели пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов во текот на неговото гостување во дебатната емисија „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија.

Пренџов најпрво упати сочувство до семејството, пријателите и најблиските на трагично загинатата Фросина, а потоа се осврна и на една од основните т.е. примарни задачи која им беше зададена како партија со поддршката која ја добија од граѓаните на изборите, а таа се состои во тоа не само да се менува општеството, туку и да се промени самиот систем на функционирање, размислување и делување.

„На иницијатива на политичките партии од управувачкото мнозинство во Собранието, вчера имавме итна седница на Комисијата за политички систем во којашто закажавме јавна расправа за сега во петок, со почеток од 11 часот каде што ќе ги поканиме сите релевантни чинители коишто предлагаат законски решенија, кои ги имаат анализите, кои имаат направено компаративни мерења со другите држави да видиме зошто е тоа така. Ќе бидат од повеќе бранши, ќе бидат професори од факултет, ќе има претставници од неколку министерства, се со цел да имаме една соодветна длабинска анализа“, најавува Пренџов.

Тој нагласува дека ваквата анализа ќе помогне да се утврди што и каде фали во законските решенија и сетоа тоа со цел ваквите трагедии да не се повторуваат во следниот период.

Во поглед пак на тоа што претставува судии и јавни обвинители, пратеникот од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Пренџов вели дека може да зборува за тоа што се случувало во изминатите пет години во рамки на собранието и дека револтот кој сега се појавува е последица на неговото досегашното делување како и на неказнивоста во земјата.

„Можам да зборувам за овие пет години во рамки на Собранието, каде што јас сум бил предводник, мислам на Комисијата за политички систем каде имаше еден Закон за Академија на судии и обвинители каде ние паралелно гледавме што се случуваше. Како тие прашања практично беа извадени во јавноста дека биле наместени, самоподатливи беа бирани за судии луѓе на челниците на СДСМ, нивни блиски, адвокати кои ги застапувале додека биле во опозиција во рамки на судовите. Јас исто така и сите колеги во Собранието жестоко реагиравме“, концизен е Пренџов.

Тој ја истакнува потребата од едно независно судство како и потребата од сериозни промени во самиот Судски Совет и во Советот на јавни обвинители. Истовремено најавува дека во следниот период ќе се преземат конкретни чекори, точно пресметани со кои Македонија ќе добие праведен и правичен јавнообвинителски и судски систем.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Надал: Ништо не ми недостасува од времето кога бев тенисер

Следно

Се јави коалицискиот партнер на Мицкоски-ВРЕДИ: Делчев бил цел на дневнополитички калкулации

Latest from Blog

„Лица“ – изложба на Ангел Коруновски за борбата на поединецот во современото општество

Во изложбениот простор „Мала станица“ во Скопје, утревечер во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Лица“ на ликовниот уметник Ангел Коруновски. Станува збор за серија дела што се фокусираат на човекот како

Кејн со секој натпревар урива по некој рекорд, сега го собори оној на Робен

фото: FC Bayern Munchen (X) Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн, постигна гол на вчерашниот натпревар против Хајденхајм (4-0) во 15-то коло од Бундеслигата, поставувајќи рекорд во германската лига. Англичанецот со вчерашниот

Трамп назначи специјален пратеник за Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера го назначи гувернерот на сојузната држава Луизијана, Џеф Ландри, за специјален американски пратеник за Гренланд, голема данска полуавтономна територија за која претходно рече дека САД треба да

СДС и ДУИ создаваа лажна конкуренција на тендери за да можат да перат пари од буџетот

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ „СДС и ДУИ одамна се познати по тендерските мрежи за нивното седумгодишно владеење, поточно за воспоставување на систем на однапред договорени тендери и контролирана конкуренција. Во 2023 година, преку

Шест начини да го одложите појавувањето на седи влакна што е можно подолго!

Иако генетиката игра најголемо влијание во појавата на седите влакна, стручните лица нагласуваат дека сепак може донекаде да влијаеме на темпото на белеење на косата. Со правилна нега, подобра исхрана и неколку
Go toTop