Пренџов: Македонските граѓани заслужуваат да се дел од ЕУ, реципроцитетот значи и Македонците и Бугарите да се победници во овој процес

November 20, 2024
1 min read

„Претходната Влада носеше одлуки, погрешни одлуки и тие сега треба да ги исправиме. Треба да сте чесни и да го признаете тоа. Ние во Брисел не одиме таму да се инаетиме, туку да им покажеме на луѓето како имаме вин- вин ситуација која вие ниту сте ја предлагале ниту сте ја барале“, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Пренџов, на вечерашното гостување на Канал 5 телевизија во емисијата „Само вистина“, каде се водеше дебата за начинот на преговарање кој го води актуелната Влада на ВМРО-ДПМНЕ.

Пренџов дополни дека претходната власт на СДС кога оделе во Брисел прифаќале секакви понуди, без истите да ги разгледаат и најважното да го слушнат мислењето на граѓаните. Напомена дека сепак гласот на граѓаните е најважен и дека нивните убедувања сепак не поминале кај македонската јавност.

„Вие кога сте оделе во Брисел сте викале нема проблем ќе го прифатиме ова имаме начин. Како со Преспанскиот договор, сте велеле нема да ни е прв пат, со пратениците ние ова ќе го поминеме и луѓето мислеле дека тоа ќе се заврши, но видовте дека тоа не помина“, дециден беше Пренџов.

Пренџов истакна дека граѓаните одлучиле за што се. Исто така додаде дека за развој на европската иднина на Македонија потребно е да го поддржат предлогот на ВМРО-ДПМНЕ. Јасно истакна дека потребен е реципроцитет во овој процес, односно и двете страни заслужуваат да ги уживаат придобивките. Дополнително додаде дека македонските граѓани заслужуваат да се дел од ЕУ- семејството и дека не треба воопшто да се води дискусија за македонскиот идентитет, затоа што граѓаните го чувствуваат притисокот.

„Граѓаните одлучија за што се. И затоа сметам дека вие треба да го поддржите предлогот, да покажеме дека сме држава која учи од грешките, да се откажете од политиките на Заев и сите заедно во Собрание да кажеме ние сакаме да бидеме членка на ЕУ. Нашите граѓани го заслужуваат тоа одамна, нашите граѓани дадоа многу повеќе од било кој во самиот процес на евроинтеграција и ние сметаме исто како и мнозинството дека ова е единствено решение во кое ќе има вин-вин ситуација. И ние сме членка на ЕУ и тие се во македонскиот Устав. Се друго сметам дека нема да биде во интерес на македонскиот идентитет“, заклучи Пренџов.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Министерот за внатрешна и надворешна трговија на Србија и директорката на железничката инфраструктура поднесоа оставка

Следно

ССМ: Мерките на Владата не помогнаа, синдикалната кошничка од јануари досега поскапе за 4.800 денари

Latest from Blog

Како да го препознаете насилникот на време? „Ми беше потребна цела година да се извлечам“

Според стручните лица, за да препознае потенцијален насилник многу е важно секоја жртва да биде добро информирана за тоа што може да биде насилство. Широката јавност сè уште го перципира насилството само

„Одисеја“ го надмина „Опенхајмер“- новиот филм на Нолан урива рекорди уште со трејлерот (ВИДЕО)

Оваа бројка не само што го покажува огромниот интерес на публиката, туку поставува и нови стандарди во промоцијата на филмските наслови. Успех што го засени Опенхајмер Интересно е што трејлерот за „Одисеја“

Божиќната фотографија на Меланија и Доналд Трамп предизвика дебата на мрежите: Честитката е „студена“

Претседателот на САД и првата дама стојат држејќи се за раце во Белата куќа, зад нив прекрасна елка и украси што светкаат. И двајцата се врамени со американското и претседателското знаме. Сè

Најмалку десет мртви, повеќе од 20 повредени во експлозија во џамија во Нигерија

Најмалку десет лица загинаа денес кога, според нигериските власти, бомбаш самоубиец активирал експлозивна направа за време на молитва во џамија во градот Мајдугури, главниот град на државата Борно во Нигерија, изјавија безбедносни
Go toTop