Премиерот Туск: Полска не го прифаќа законот на ЕУ за прераспределба на мигранти

April 11, 2024
2 mins read

ВАРШАВА (АА) – Полска одбива да ги прифати новите правила на Европската Унија (ЕУ) што дозволуваат прераспределување на мигрантите во блокот, изјави полскиот премиер Доналд Туск, јавува Анадолу.

„Ќе најдеме начини со кои дури и ако пактот за миграциите стапи на сила во повеќе или помалку непроменета форма, да ја заштитиме Полска од овој механизам за прераспределување“, изјави Туск за новинарите во Варшава.

Тој нагласи дека Полска веќе примила околу еден милион украински бегалци. Туск, чија владина коалиција претрпи неуспех на локалните избори во неделата и се соочува со внатрешни превирања, го задржува тврдокорниот став на Полска од неговите претходници во однос на миграциите.

Големите промени во ЕУ-законите за миграција беа усвоени во средата од страна на Европскиот парламент по осумгодишниот ќор-сокак. Новата легислатива е дизајнирана да ги заостри процесите за азил и менаџирање на границите.

Во реформата се бара од земјите на ЕУ да примат баратели на азил од државите на „првата линија“, како што се Италија и Грција, или да обезбедат пари или други ресурси за овие земји што се под притисок.

Според сегашните правила на ЕУ, земјите во кои пристигнуваат мигрантите имаат одговорност за сместување и проверка на барателите на азил, како и за враќање на оние што не се прифаќаат. Новите правила ќе стапат на сила во 2026 година откако Европската комисија ќе утврди како ќе се спроведуваат.

Полската десничарска партија Право и правда (ПиС), која загуби на изборите минатата есен, ги критикуваше реформите. Француските и шпанските екстремно десничарски партии Национален сојуз и Вокс, како и ПиС и партијата Фидес на Виктор Орбан во Унгарија, гласаа против делови од пактот за азил и миграција, истакнувајќи дека тоа е „дозвола за шверцерите на луѓе и удар за суверенитетот на земјите членки“.

Поддржувачите на законите велат дека тие ќе ги забрзаат процедурите за азил на границите на ЕУ, ќе воведат нови скрининг системи и ќе ги вратат луѓето што не се квалификуваат за меѓународна заштита во нивните матични земји. „Тоа е рамнотежа помеѓу солидарноста и одговорноста. Ова е европскиот начин“, рече Роберта Мецола, претседателка на Европскиот парламент во средата.

Ив Геди, шефицата на канцеларијата на европските институции на Амнести интернешенел, тоа го нарече „неуспех да се покаже глобално лидерство“.

„По години преговори институциите на ЕУ сега срамно потпишуваат договор за кој знаат дека ќе доведе до поголемо човечко страдање. За луѓето што бегаат од конфликти, прогон или економска несигурност овие реформи ќе значат помала заштита и поголем ризик да се соочат со кршење на човековите права низ Европа – вклучително и незаконско и насилно истуркување назад, произволно притворање и дискриминаторско полициско дејствување“, рече таа.

Членовите на Европскиот парламент од левицата и Зелените го критикуваа предлог-законот за неуспехот да им се даде приоритет на гаранциите за човековите права.

„Пактот за миграција“ сега ќе им биде предаден на земјите членки во Советот, кои треба да гласаат на 29 април за ова прашање преку квалификувано мнозинство.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пад на оценката на Фридом Хаус за земјава

Следно

Пукање во Вашингтон: Едно лице загина, петмина се повредени

Latest from Blog

Коњановски со битолските ловци на традиционална ловечка забава

На покана на Здружението за ловци „СОКОЛ“ – Битола, под мотото „ЗАЕДНО ЗА ТРАДИЦИЈА“, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на ловечката забава организирана од здружението. Настанот помина во духот на

Трамп и конфликтот со Европа: ЗАД СЕ СТОИ ТАЈНИОТ АРХИТЕКТ НА НОВАТА АМЕРИКАНСКА ПОЛИТИКА

Веројатно никогаш не сте слушнале за Енди Бејкер. Но, тој е водечкиот интелектуалец во Советот за национална безбедност (НСЦ) чии потези би можеле да ја одредат иднината на надворешната политика на Републиканската

Ковачки: Го поседувам највисокиот национален безбедносен сертификат државна тајна, како и највисокиот НАТО сертификат

Новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен пратеник во македонското Собрание, Драган Ковачки, вечерва гостуваше во Тема на денот на Сител телевизија при што одговори на лиферуваните лаги и манипулации со клевети

Владата меѓу договор и генерален штрајк

Идната недела ССМ на блокади, УПОЗ во обид да го скрои договорот за повисоки плати во нивните редови. Во Министерството за финансии попладнево синдикатот и надлежните ќе работата на документот со кои

Трамп го отстрани, но не се извинува видеото на кое Мишел и Барак Обама се прикажани како мајмуни

Трамп призна дека им наложил на помошниците да го објават, но тврди дека не го видел навредливиот дел од видеото.  Контроверзната снимка се појави на една од објавите на неговата платформа truth
Go toTop