Премиерот очекува едноцифрен процент на невработеност

January 18, 2026
1 min read

Премиерот Христијан Мицкоски очекува првпат во земјава да имаме едноцифрен процент на невработеност, како резултат на активностите што се преземаат со  Реформската агенда.

Бројот на невработени,  како што рече денеска во одговор на новинарско прашање, сега можеби е под 90 илјади, откако во ноември лани изнесуваше 91 илјада, што беше намалување за седум илјади во однос на ноември 2024.

– Сега можеби е и под 90 илјади. Со новите законски измени дел од барателите на работа ќе бидат избришани бидејќи на некој начин се присутни во полуформалната и неформалната економија. Првпат очекувам да имаме едноцифрен број проценти невработеност. Тоа е дел од Реформската агенда и усогласување со неа и не е тоа нешто што го правиме еднострано, изјави Мицкоски, при посетата на ООУ „Блаже Конески“ во општина Аеродром.

Владата неделава одобри 10 илјади работни дозволи за странци за годинава, а  премиерот укажува дека таков податок има секоја година односно дека тие дозволи се издаваат за позиции кои се дефицитарни на пазарот на труд откако ќе се направи усогалсување со работодавачите, односно со стопанските комори.

– Тоа е податок кој се случува секоја година. Не е тоа податок кој не се случува секоја година, имаме, да речеме, работниците кои се дел од проектот во коридорите 8 и 10 д, се дел од овие работни дозволи. Таму има неколку илјади, да речеме. И не се само тие, мислам, има многу такви профили на работници кои на пазарот на труд се барање од стопанските комори и работодавачите. Таа бројка не отстапува ако се спореди со бројките од минатите години, рече Мицкоски.

На новинарско прашање за најавите од „Макам-транс“ дека на 26 јануари ќе се приклучат на останатите земји од регионот со протести и блокади на осум гранични премини со што ќе запре транспортот бидејќи по воведувањето на новиот систем од страна на ЕУ сè уште немаат добиено никаков одговор на нивните барања премиерот најави дека денеска ќе разговара со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски за да увидат, како што рече, што може да се направи за да се избегне оваа блокада и да се надминат сите  пропусти кои се резултат на нефункционирањето  сè уште онака како што треба на одредени сегменти во институциите.

Според Мицкоски, за проектот „Зелена линија“ („Green Line“) има одредени работи и финеси кои треба да се доусогласат.

– Транспортерите не треба да чекаат бидејќи тоа е суштината на проектот „Зелена линија“. Ние како држава ги исполнивме сите критериуми како резултат на сето тоа и реконструкција на одредени гранични премини. Мислам дека ќе се надмине овој проблем и не треба транспортерите да ги чувствуваат последиците од тоа што сè уште некои институции и кај нас, но и во Брисел не се подготвени за овој проект. Очекувам да излезат на протести и тие протести се оправдани, изјави Мицкоски, посочувајќи дека  последици од блокадите ќе има не само за македонската економија туку и пошироко.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Тик-так, тик-так…“: Франк пред отказ од Тотенхем!

Следно

Повеќе од 200.000 потрошувачи во Запорожје останаа без електрична енергија по нападот со украински дрон

Latest from Blog

Видео: Ирак погоден од прекин на електричната енергија

„Електричната мрежа е целосно исклучена во сите ирачки провинции“, соопшти министерството, според ирачките медиуми. Додаде дека се утврдува причината за прекинот на електричната енергија и дека е започната реставрацијата на електраните и

Aвион со евакуирани патници од Дубаи попладнево слета во Црна Гора: И Македонци меѓу патниците

Авион со 138 патници од Дубаи слета попладнево на аеродромот Тиват, соопшти Министерството за надворешни работи на Црна Гора. „Покрај Црногорците, во летот имало и граѓани на Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска,
Go toTop