Преку Смарт проект фармацевтите се едуцираат за примена на нови квалитетни услуги во аптеките според светските протоколи

November 13, 2025
3 mins read

Нови квалитетни услуги и нивно спроведување во аптеките и препознавање од пациентите, е целта на едукациите наменети за фармацевти кои се дел од четврти по ред Смарт симпозиум, што викендов ќе се одржи во Скопје во организација на Здружението на приватни аптеки. Вкупно 800 фармацевти учествуваат на вакви симпозиуми.

По тој повод денеска беше потпишан Меморандум за соработка меѓу Aмериканската асоцијација на фармацевти (АPhA), Фармацевтската комора и Здружението на приватни аптеки. Според Билјана Божиновска од Здружението на приватни аптеки, тоа е еден голем чекор напред за фармацијата во Македонија.

– Фармацевтите треба да го заземат своето место во здравствениот систем како битни примарни здравствени работници кои се важни во правилното управување на терапијата. Смарт проектот е континуирана едукација на фармацевтите кој ќе обезбеди внесување на светските фармацевтски протоколи во фармацевтската практика во Македонија. Се надевам овој проект ќе биде препознаен од институциите и преку достапноста и дигитализација на фармацевтското досие ќе овозможиме добра комуникација меѓу фармацевтите, матичните лекари и специјалистите во интерес на пациентите, рече Божиновска.

Според претседателот на Фармацевтската комора, Весна Ставрова, смарт проектот значи континуирана едукација каде светските протоколи се носат во Македонија во делот на фармацевтската грижа. Според неа, тоа значи дека фармацевтот кои ќе ги помине овие протоколи треба истовремено да ги применува зад рецептурата односно кон пациентот да може да ги препознае сите симптоми кои можеби не се за симптоматска терапија, туку да го препрати кај матичен лекар.

Ставрова рече дека кај оние кои примаат хронична терапија фармацетот треба да препознае дали можеби има повеќе од потребното лекови или лекот кој е даден кај пациентот не дава соодветна ефикасност.

– Заради тоа она што фармацевтот ќе го забележи треба да го запише во одредено фармацевтско досие за кое преку овој проект се бориме да биде дел од МојТермин затоа што кога имаме појава на несакан ефект, интеракција со лекови или имаме терапија која не дава ефикасност кај пациентот, ние за жал се уште комуницираме преку пациентите, а кога би имале дел во досието МојТермин да можеме да го евидентираме тоа што ќе го сработиме зад рецептурите во тој случај матичниот лекар ќе може да ја смени терапијата и нејзината доза. Сведоци сме дека пациентите се самолекуваат, ја менуваат терапијата, одлучуваат дали некој треба или не им треба да го земаат, а во тоа многу често немаат увид матичните лекари. Фармацевтот има увид и гледа што од препишаната терапија го зема или не го зема од аптека. Веќе можеме тоа да го евидентираме, посочи Ставрова.

Таа истакна дека услугите се донесени со закон меѓутоа тие треба реално да заживеат и ако заживеат повторно е потребно место каде тие резултати ние како резултати ние како фармацевти ќе ги запишеме, а матичниот лекар или специјалистот ќе ги имам на увид. Додаде дека со дигитализацијата и промената што ја најавија од Министерството за здравство потребно е да се внесе делот во кој фармацевтите ќе можат да го документираат тоа што го работат.

Претседателот на Здружението на приватни аптеки, Џоана Андоноска рече дека Меморандумот отвора ново поглавје за меѓусебна соработка, размена на искуства и знаења, можност за заеднички проекти во иднина и секогаш во насока на развој и унапредување на фармацевтската практика, грижа и фармацевтските услуги.

Претседателот на Aмериканската асоцијација на фармацевти и претседател на Бордот за фармација кој е признат во светски рамки, Мајкл Роус рече дека потекнува од Зимбабве и 25 години работи во Америка.

– Мојата пасија и љубов ме натера да изминатите години да работам со 80 земји ширум светот и ми е чест што сум во Македонија и да го предадам моето искуство во делот на фармацијата. Мојата енергија беше да ги внесеме промените во фармацевтската работа и активноста на фармацевтите и тоа што го дава целиот овој мој труд е имплементација на овие стандарди и фармацевтска грижа во делот на аптекарското работење. Преку овој проект правиме едукации и се надеваме дека сите активности на фармацевтите и нивните вредности набрзо ќе бидат препознаени од Владата и институциите со цел унапредување на фармацевтската практика, рече Роус.

Тој рече дека Американската асоцијација на фармацевтите има голем вакви услуги имплементирано во аптеките и тие имаат големо знаење кое може преку овој проект да го пренесат во Македонија.

Носител на Смарт проектот во Македонија, освен Роус е и Аријана Мештровиќ, директорка на стручни програми во меѓународната агенција за едукација „Фарма експерт“, со седиште во Хрватска, која рече дека преку по завршување на едукација фармацевтите добиваат беџ.

– Утре и задрутре на симпозиумот ќе имаме повеќе од 500 случаи на пациенти кај кои фармацевти активно промениле нешто во нивната терапија во комуникација со матичните лекари и направиле подобри резултати од неа, додаде Мештровиќ.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Ѓорѓиевски: Денес се потсетуваме на храброста и љубовта кон Скопје

Следно

Јадела по 3 јајца секој ден и еве што ѝ се случи по само 7 дена

Latest from Blog

„Еурактив“: Дали Белгија станува првата „нарко-држава“ во Европа?

Белгија во минатото не беше центар на дрогата во Европа, но нејзината географска положба и пристаништата во Антверпен и Зебриж, низ кои минуваат милиони тони товар, ја направија земјата „златна кокошка“ за

Докторот од Македонија кој прегази куќе во Софија се пријавил во полиција, ослободен е со кауција од 5.000 лева

Иако изминатите два дена бугарските медиуми шпекулираа дека Цоневски си заминал од Бугарија, сепак од софиската полиција потврди дека тој со неговиот адвокат самиот се пријавил, по што му биле дадени материјалите

Педри се враќа на терен порано од очекуваното

ФОТО: FC Barselona/FB Играчот на Барселона, Педри ќе се врати порано од очекуваното на терените. Поточно, напаѓачот се рехабилитираше нешто побргу од тоа што јавноста очекуваше, па денешен АС тврди дека тој

Телата на сите жртви беа пронајдени на местото на падот на турскиот авион во Грузија

Грузискиот министер за внатрешни работи Гека Геладзе објави дека се пронајдени телата на сите турски војници загинати во падот на воениот транспортен авион. „Телата на сите загинати војници, како и сите фрагменти
Go toTop