Прекршочни пријави за Касами и Ганиу: Не ги испочитувале државните симболи при посетата на Курти

August 15, 2023
3 mins read

Две прекршочни пријави – едната за неинтонирање на државната химна, а втората за неистакнување на државното знаме, добил градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, откако денеска бил повикан на информативен разговор во полициската станица „Бит Пазар“.

За ова информираше самиот Ганиу во изјава што ја даде пред полициската станица, кажувајќи дека пријавите се во врска со организацијата на посетата на косовскиот премиер Албин Курти во Чаир. Ганиу смета дека пријавите се резултат на политичко влијание.

„Околу 13:30 часот бев поканет од началникот на полицијата ‘Бит Пазар’ да дојдам на информативен разговор. Претставени ми беа причините. Одлучено е дека во моментов имам две прекршочни пријави, а причината е посетата на премиерот Албин Курти во Чаир“,

рече Ганиу.

Од посетата на косовскиот премиер Албин Курти на Тетово
фото: фејсбук-профил на Биљал Касами

Прекршочни пријави доби и тетовскиот градоначалник и лидер на Движењето БЕСА, Биљал Касами. Тој на Фејсбук напиша дека комунизмот не е мртов и дека, според него, во живот го одржуваат властите заедно со Али Ахмети и Арбен Таравари.

„Ваквите обиди за страв и замолчување како во времето на комунизмот воопшто не нè плашат, продолжуваме со кренати глави. Помалку нè плашат кога овие уцени и обиди да ја попречат здружената опозиција доаѓаат од корумпирани и уценети владетели кои сега си ги бројат деновите на прсти. Времето на заплашување на Албанците, нивно апсење и носење во озлогласени полициски станици е мртво, заедно со тоа наскоро ќе умре и овој ваш комунистички режим. Вие продолжувате да бидете вазали на Белград, затоа што таму ќе завршите сите, додека ние како опозиција се среќаваме со овој народ и се плашиме само од албанскиот народ“,

напиша Касами.

Министерството за внатрешни работи информира дека се поднесени барања за поведување постапка против две општини и двајца градоначалници.

„Денеска (15.08.2023) МВР, поточно Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал, во координација со Секторите за внатрешни работи Скопје и Тетово до надлежните Основни судови поднесе барања за поведување прекршочна постапка против правните лица Општина Чаир и Општина Тетово и одговорните лица во овие правни лица, градоначалниците на овие општини В. Г. и Б. К.“,

соопшти полицијата.

Според МВР, за време на посетата на Курти во Чаир и Тетово, не се почитувал Законот за употреба на грбот, знамето и химната.

„Имено, за време на официјалната посета на косовска делегација на нашата држава, предводена од претседателот на Владата, г. Аљбин Курти, при организираниот пречек на 11.08.2023 на ул. ‘Ферид Мурати’ во Скопје и градскиот плоштад во Тетово, не е постапено согласно Закон за употреба на грбот, знамето и химната на РС Македонија, односно за времетраењето на манифестациите не е интонирана државната химна и не е поставено државното знаме на Република Северна Македонија, со што е сторен прекршок по чл. 30 од истиот закон. МВР продолжува со потрага по лицето кое на една од манифестациите вееше знаме на ‘голема Албанија’ и по негово пронаоѓање против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“,

вели МВР.

Изет Меџити, Биљал Касами, Албин Курти и Африм Гаши на настанот на плоштадот во Тетово во чест на посетата на Курти
фото: фејсбук-профил на Биљал Касами

Попладнево реагираше политичката партија Алтернатива од каде што велат дека покрај Ганиу, во полиција бил повикан и тетовскиот градоначалник Касами. Од партијата посочуваат дека градоначалниците се повикани во полиција заради иконографијата за време на посетата на Курти. Ова, како што наведуваат, за нив е факт дека оваа власт оди кон бездна.

„Осудувајќи го овој чин како срамен и тенденциозен, треба да кажеме дека ако овој чин се случил со наредба на Вучиќ, за што сериозно се сомневаме, тогаш тоа е панично однесување на власта заради очекуваниот пораз на следните избори што ја чека СОРАВИЈА-БРАКО коалицијата. Како и да е, ако оваа власт смета дека полицијата, силата, уценувањата и насилството се начини за да се бори против оваа коалиција и да се угаси опозицискиот ентузијазам, тогаш треба да потсетиме дека ова е најдобриот начин само да се забрза нивниот пораз. За нивна информација, последниот кој употребил полициска сила против политичарите од другите табори сега се наоѓа во Будимпешта“,

велат од Алтернатива.

Инаку, во петокот косовскиот премиер Албин Курти беше во неофицијална посета на земјава. Во Општина Чаир присуствуваше на преименување на улицата „Втора македонска бригада“ во „Адем Демачи“. Во Тетово, пак, беше пречекан со целодневни активности и со настан на градскиот плоштад на кој се вееја многу знамиња на Република Албанија, како и знаме со картата на т.н. „голема Албанија“. Во Тетово, Курти го пречекаа градоначалникот и лидер на Движењето БЕСА, Биљал Касами, претседателот на Алтернатива, Африм Гаши и претседателот на новоформираната партија Демократско движење, Изет Меџити. Ова силно ја разбранува јавноста, а власта и опозицијата со денови се расправаат чија е одговорноста за случувањата во Чаир и во Тетово.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Состојбата на заразените е стабилна – Петличковски смирува: Нема место за паника

Следно

Силни реакции за „Убиство во Тетово“ – Сали: Еден од виновниците за пожарот во модуларната болница е награден

Latest from Blog

Општина Битола со признание „Младински пријателски град“ за 2026 година

Општина Битола е добитник на националното признание „Младински пријателски град“ за Пелагонискиот регион за 2026 година, со што е потврдена нејзината посветеност на унапредувањето на младинските политики и создавањето подобри услови за

Тоневски: Пробиштип продолжува со вложувања во комуналната инфраструктура

Во населбата Драч во селото Ратавица се изведуваат градежни работи за изградба на два канализациски крака, информира градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски. Проектот се финансира со средства од Министерството за транспорт,

Божиновска: Македонија активно ги следи глобалните процеси за енергетска транзиција

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе биде дел од државната делегација на Република Северна Македонија, предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која од 10 до 13 ноември 2026 година

Николоски: Го зајакнуваме стратешкото партнерство со Обединетото Кралство

Заменик  претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам. Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на

По примерот на ЕУ и Велика Британија, дали Македонија ќе отвори пат за стратешки рударски проекти?

Велика Британија треба да го следи примерот на Европската Унија и да воведе модел за означување и поддршка на стратешки рударски проекти, оценува парламентарната Комисија за бизнис, иновации, наука и трговија. Во
Go toTop