Предлогот за ограничување на маржите идната недела на владина седница

September 19, 2024
1 min read

На идната владина седница се очекува да биде донесен предлогот за ограничување на бруто профитната маржа до 10 отсто со која ќе бидат опфатени стотина основни прехранбени производи во трговијата на големо и мало, леб, пекарски и млечни производи, млеко, месо и преработки од месо, дел од конзервните производи, овошје, зеленчук,…

Предлогот е изготвен во консултација со трговците и производителите како кракторочна мерка која се предвидува да трае еден месец и да се носи за време на празниците кога обично цените се зголемуваат.

Како што најави министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, покрај есенска кошница, ќе има и божиќна, рамазанска, велигденска,…, а целта е да се заштитат граѓаните.

И премиерот Христијан Мицскоки потврди дека е постигнат договор за есенската потрошувачка кошница, а изготвениот предлог завчера бил доставен до Владата.

-На следната владина седница треба да се најде предлогот за есенската потрошувачка кошница. Постигнат е договор и предлогот на Министерството за економија и труд е доставен до Владата. Предлогот е резултат на средбата што ја имаа надлежните со производителите и трговците. Рековме дека работите ќе ги решаваме преку дијалог, беше постигнат договор што ќе биде веќе на следната владина седница. Вчера не беше поради определени технички причини, но сакаме да ги помине и оние филтри како што се Генерален колегиум и Комисија за економски систем. Очекувам на следната владина седница во вторник да биде на дневен ред, рече вчера Мицкоски.

Според Дурмиши, сега не се донесуваат одлуки со сила како порано, туку со сослушување на сите засегнати страни.

-Минатите денови имав состанок со коморите. Ги слушнав нивните барања, ги слушнав забелешките и од производителите и од трговците. Направивме заеднички предлог што Министерството го достави до Владата. Наредната седница очекуваме предлогот да се усвои – бруто профитната маржа да се ограничи до 10 отсто за сите основни прехранбени и земјоделски производи. Коморите не беа добро известени, мислеле дека оваа мерка ќе биде долгорочна, но ние ги информиравме дека мерките се само за празници, со ограничено времетраење. На пример, одлуката за есенската кошница ќе трае еден месец, потоа ќе има божиќна кошница, рамазанска, велигденска,… Се знае дека во овие временски периоди трговците секогаш ги зголемуваат цените, рече Дурмиши.

Мерките, напомена министерот, се во интерес и на граѓаните и на државата.

-Предлогот е есенската кошница да трае еден месец, но на Влада ќе се дискутира. Ќе видиме кои се другите предлози, од другите министерства. Досега одлуките сме ги носеле низ разговор, отворено и транспарентно. Формиравме работни комисии од министерствата за економија, за земјоделство и за финансии, а, како што реков, ги слушнавме и коморите. Не донесуваме одлуки со сила како порано, туку со сослушување на сите засегнати страни, нагласи Дурмиши.

Министерот очекува Законот за нефер трговски практики да стапи во сила кон крајот на овој месец со што дополнително треба да се намалат цените на производите, но и да се стабилизираат на подолг рок. Премиерот изјави дека ако Владата не добие конечен став од бизнис секторот, ќе се оди според предвидената динамика.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

ОН бараат Израел да го прекине „незаконското“ присуство на Западниот Брег и Источен Ерусалим во рок од 12 месеци

Следно

Енди Керол потпиша за Бордо

Latest from Blog

Пред српското Собрание почна штрајк со глад мајка на дете загинато во падот на бетонската настрешница во Нови Сад

Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, еден од жртвите изјави дека „останува во штрајк со глад и нејзините бањара се јасни“ „Сите одговорни за падот на бетонската настрешница мора да бидат гонети

Келн добитен против Хамбургер

Тимот на Келн во првиот од двата денешни дуели во Бундес лигата на домашен терен успеа да слави против Хабургер со убедливи 4:1. Во дуел во кој дојде до двојно водство по

Во Струга до 15 часот излезноста е 27,5% во вториот круг

До 15:00 часот излезноста во Струга и струшкиот регион изнесува 27,5%, соопшти претседателот на Општинската изборна комисија Минир Жута. Гласањето се одвива без поголеми забелешки, со редовен тек на избирачките места. Изборниот

Диар Ајрулаху, 15 годишниот репрезентативец на У-15 кој блеска надвор од државата

Диар Ајрулаху, 15 годишник од Македонија, воодушевува со своите настапи на меѓународниот фудбалски турнир што моментално се одржува во Албанија. Избран за репрезентацијата У-15 на Македонија, Диар го привлекува вниманието на тренерите
Go toTop