Предлог-одлуката за распишување оглас за директор на ОТА прва на дневен ред во Собранието

September 5, 2023
2 mins read

Дека денеска на дневен ред на пленарна собраниска седница ќе се најде предлог-одлука за распишување оглас за избор на нов директор на ОТА вчера извести координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски, откако редакцијата на „360 степени“ упати прашања на повеќе адреси, вклучително и до него, а во врска со ситуација со директорската позиција на Агенцијата, имајќи предвид дека на актуелниот раководител мандатот му истекува на 7 септември

Сепак, и доколку Собранието ја донесе одлуката и биде распишан огласот, останува прашањето како ваквиот потег во последен момент ќе го реши проблемот со правниот вакуум што ќе настане бидејќи од четврток ОТА останува без директор, а до изборот на нов ќе помине извесен период во кој Агенцијата ќе биде „обезглавена“

На два дена пред истекот на петгодишниот мандат на актуелниот директор на Оперативно-техничката агенција, Зоран Ангеловски, пратениците во Собранието денеска треба да одлучуваат за распишување на оглас за избор на негов наследник.

Момент од пленарна седница на Собранието на РС Македонија / Фото: Архива

Како што може да се види од распоредот за денешната 125. пленарна седница на законодавниот дом предлог-одлуката за распишување јавен оглас за избор на нов директор на Оперативно-техничката агенција (ОТА) е прва точка на дневен ред.

Предлагачи, според објавените материјали на интернет-страницата на Собранието, се пратеничката на СДСМ, Марија Костадинова, и нејзиниот колега од владејачкото мнозинство и координатор на пратеничката група на ДУИ, Арбер Адеми.

Дека денеска на дневен ред на пленарна собраниска седница ќе се најде предлог-одлука за распишување оглас за избор на нов директор на ОТА вчера извести координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски, откако редакцијата на „360 степени“ упати прашања на повеќе адреси, вклучително и на Митревски, за настанатата ситуација со директорската позиција на Агенцијата.

Сепак, и доколку Собранието ја донесе одлуката и биде распишан огласот, останува прашањето, како ваквиот потег во последен момент ќе го реши проблемот со правниот вакуум што ќе настане, бидејќи на 7 септември ОТА останува без директор, а до изборот на нов ќе помине извесен период во кој Агенцијата ќе биде „обезглавена“.

Актуелниот директор на ОТА, Зоран Ангеловски, за раководител на оваа важна институција во синџирот за заштита на државната безбедност и борбата со криминалот беше избран во Собранието со двотретинско мнозинство, односно со гласовите на власта и на опозицијата на 7 септември 2018 година.

Според Законот за ОТА, мандатот на директорот на Агенцијата трае пет години, без право на повторен избор.

Ангеловски вчера во одговор на прашања на „360 степени“ вели дека важечкиот закон не дозволува, кога нема легитимно избран директор, со институцијата да раководи друго лице, ниту пренесување на надлежностите. Ангеловски предупредува дека доколку ситуацијата не се надмине, ќе се создаде правен вакуум во раководењето со институцијата. Формално-правно, вели тој, институцијата нема да престане да постои, но несомнено ќе се соочи со сериозни и многубројни предизвици во извршувањето на своите надлежности и во работата на нејзините вработени.

Актуелниот директор на ОТА во заминување, Зоран Ангеловски / Фото: „360 степени“ (Архива)

ОТА како самостоен и независен државен орган беше формирана по реформите во безбедносно-разузнавачкиот сектор, односно поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање (УБК) по скандалот со масовното прислушување и Извештајот на експертската група на Европската комисија (ЕК) на чело со Рајнхард Прибе.

Со серија законски измени што ги уредуваа овие прашања и за кои беше потребно двотретинско мнозинство, УБК доби свој наследник во Агенцијата за национална безбедност (АНБ), која задржа (голем) дел од надлежностите, додека ингеренциите врз опремата и уредите за прислушување преминаа во ОТА.

Инаку, условите што треба да ги исполнуваат кандидатите, односно за директор на ОТА, може да биде избрано лице кое е државјанин на Република Северна Македонија, да има стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС, односно VII/1 степен на образование во областите информатика, електротехника, компјутерска техника и информатика, телекомуникациско инженерство, безбедност, компјутерска безбедност, правни или економски науки. Исто така, се бара и минимум десетгодишно работно искуство во овие области по завршеното образование.

Огласот ќе трае 10 дена од неговото објавување во „Службен весник“ и во уште три дневни весници од кои два на македонски и еден на албански јазик.

Принтскрин од веб-страницата на Собранието со информацијата и материјалите за предлог-одлуката за распишување на оглас за избор на директор на ОТА

  

 

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Убиен фудбалски репрезентативец на Панама

Следно

Четири цивили ранети во напад на терористи на ЈПГ/ПКК во северниот дел на Сирија

Latest from Blog

Поништен огласот за вработување во Липково по претставката за дискриминација од министерот Минчев

Државниот инспекторат за труд по добиената претставка од министерот за јавна админситрација Горан Минчев го поништил огласот за вработување во Јавното комунално претпријатие „Пиша“ од Липково, а работодавачот бил известен за потребата

„Законот е јасен“: Огласот за вработување во Липково поништен по претставката за дискриминација од страна на министерот Минчев

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, ја поздрави брзата и професионална реакција на Државниот инспекторат за труд (ДИТ), кој по применета претставка утврди дека огласот за вработување во Јавното комунално претпријатие „Пиша“

Полицајците да ги опоменуваат граѓаните поради старите лични карти доколку имаат рок на важење, вели Тошковски

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска од тетовски Групчин порача дека голем број лични документи се сменети со новото уставно име, но побара од полицајците само да ги опоменуваат оние кои

Турските сили неутрализираа 20 терористи на ПКК/ЈПГ во Северна Сирија

ИСТАНБУЛ (АА) – Турските безбедносни сили неутрализираа 20 терористи на ПКК/ЈПГ во Северна Сирија, соопшти денес турското Министерство за национална одбрана, јавува Анадолу. Терористите беа цел на турската антитерористичка операција „Штитот на

Леао црпи инспирација од Ибрахимовиќ

Португалскиот напаѓач на Милан, Рафаел Леао изјави дека поранешниот играч на „росонерите“, Златан Ибрахимовиќ им служи како пример на сите во тимот. Ибрахимовиќ сега е на менаџерска позиција во клубот. -Златан е
Go toTop