Предлог – буџетот за 2025 година наскоро пред пратениците

October 30, 2024
1 min read

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Предлог-буџетот за 2025 година наскоро ќе се најде пред пратениците. Смета дека е можно економскиот раст проектиран на 3,7 проценти за следната година, да биде и надминат доколку се реализираат најавените инвестиции на компаниите и капиталните инвестиции. 

–  Очекувам во третиот квартал да се движиме меѓу 2,5 и 3 проценти, во четвртиот квартал меѓу 3 и 3,5 проценти, а не би се изненадил ако првиот квартал до година, ако биде се како што го проектираме со инвестициите на компаниите и со инвестициите на државата, да дојдеме и до четворка и не би се изненадил ако следната година биде 3,7 и повеќе, бидејќи такви се индикаторите со коишто сега во моментот располагаме. Има уште некои работи што треба да отпочнат со функционирање, некои фабрики кои се уште не се отпочнати, а очекувам во периодот којшто следи, да отпочнат така што, проекцијата за следната година е на 3,7, но не би се изненадил ако биде и повеќе, изјави Мицкоски по денешната посета на општина Ѓорче Петров.

Вкупните приходи во Буџетот за 2025 се планирани на 358 милијарди денари, што е за 13 проценти повеќе од буџетот за 2024 година, додека вкупните расходи се проектирани на ниво на 400 милијарди денари, што е раст од 10 проценти во однос на буџетот за 2024 година. Економскиот раст е планиран на ниво од 3,7 проценти, буџетскиот дефицит на четири проценти, инфлацијата 2,2 процента. 

Предлог-буџетот треба да биде испратен до Собранието каде треба да го помине првиот филтер по што со евентуалните забелешки ќе се врати повторно во Владата на доработка и потоа на конечно усвојување во Собранието. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На 2-ри ноември ќе се одржи „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“ со поддршка на МЗШВ

Следно

Изградба на нова водоводна мрежа во Тетово – сегашната мрежа полна со дефекти, новата ќе чини 1.07 милиони евра

Latest from Blog

Катастрофа во Непал: Стотици загинати и исчезнати, меѓу кои околу 300 странски туристи (ВИДЕО)

Најмалку 95 лица загинаа, објави Би-Би-Си, додавајќи дека меѓу 384 исчезнати се 105 Индијци и 12 Британци, како и 111 лица чии националности сè уште не се потврдени. Ненадејните поплави во Непал

Годишниот извештај на Антикорупциска, Националната стратегија и неколку посебни извештаи пред матичната комисија во Собранието

Во Собранието денеска ќе се одржат седници на собраниските комисии за политички систем и односи меѓу заедниците, за надворешна политика и надворешна трговија, за европски прашања и Буџетскиот совет на Собранието. На

Николоски: Градиме инфраструктура што ќе ја направи Македонија транспортна раскрсница на Балканот

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски порача дека стратешката визија на Владата Македонија да стане клучна сообраќајна раскрсница на Балканот постепено се реализира преку изградба на нови патни правци и зајакнување
Go toTop