Пред седницата на Европскиот парламент, Мицкоски очекува силна порака за македонскиот јазик и идентитет од ЕУ

June 22, 2025
1 min read

Премиерот Мицкоски очекува дека на седницата на Европскиот парламент која ќе се одржи во вторник и на која треба да биде усвоен Извештајот за Македонија на Томас Вајц ќе се прати порака за македонскиот идентитет и јазик. Вели дека изминатиов период во Брисел постои силен притисок од бугарски европратеници за измена на овој извештај во кој се говори за посебноста на македонскиот идентитет и јазик.

„Очекувам силна порака од Европскиот парламент за македонскиот идентитет, за македонскиот јазик, иако морам да признам овие денови добив многу вознемирувачки информации кои што доаѓаа од таму за една силна активност на одредени политичари во Брисел. Мислам дека успеавме некако да го амортизираме оној удар кој повторно некој сакаше да го нанесе врз македонскиот идентитет и јазик доформулирајќи го, дообјаснувајќи го со модерен или сегашен“, вели Мицкоски.

Претседателот на СДСМ Венко Филипче од денешната трибина „Македонија понижена – Една година Влада на ВМРО-ДПМНЕ“, вели дека власта ја одзела европската иднина на младите. Ова е лажна заложба на оваа влада, а македонскиот идентитет и јазик е утврден во Европската унија од Владата предводена од СДСМ, рече Филипче.

„Вистината е дека таканаречените обиди на Владата да ја подобрат нашата преговарачка позиција се само една голема лага. Затоа што и јазикот и идентитетот се целосно потврдени и обезбедени во сите документи кои што ги изработи нашата Влада а се дел од таканаречениот француски предлог“, рече Филипче.

Комитетот за надворешни работи на Европарламентот на 4 јуни го одложи гласањето за извештајот на Томас Вајц за напредокот на Македонија за членство во Европската унија и е презакажано за 24 овој месец односно во вторник. За тогаш бугарските европратеници имаат поднесено амандмани на Извештајот, а дел од нив бараат дури и воопшто да не се презентира.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Грчкиот филм „Ривиера“ ќе го отвори овогодинешното издание на Неделата на Франкофонскиот филм

Следно

ОИС објави Истанбулска декларација, осудувајќи ги нападите на Израел и САД во земјите од Блискиот Исток

Latest from Blog

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,

Николоски: Поставен нов радарски систем на охридскиот аеродром, создаваме нова слика за аеродромите

Создаваме една комплетна инфраструктурна слика за Охрид и охридското крајбрежје. Инвестициите во инфраструктурата, реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродорм и политиката на провлекување на нови авиолинии ќе донесат бројни патници и туристи

Аеродромот во Охрид влегува во нова ера – ова ќе биде новиот капацитет на аеродромот

На охридскиот аеродром Св. Апостол Павле аеродром Охрид започна сериозна реконструкција, надградба и проширување – прва ваква голема интервенција од неговата изградба досега. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека
Go toTop