Православните христијани утре го слават Бадник, задутре Божиќ

January 5, 2026
1 min read

Православните христијански верници во земјава утре го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божиќ.

Во организација на Здружението „Бадникови поворки“ утре ќе се одржат Бадниковите поворки во 80 градови и населени места низ Македонија, како и во македонската дијаспора во Словенија, Италија, Австрија, Франција и Соединетите Американски Држави.

Традиционално, одбележување на Бадник ќе има и пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје во организација на Здружението на граѓани „Одбор за традиционална прослава на Бадник“. Годинава бадникарски кум е бизнисменот Зоран Кондратенко, а здравичар музичарот Јаков Дренковски.

Македонскиот народ со многу внимание и почит ги одбележува овие празници. Божиќ е Господски празник и се празнува во спомен на раѓањето на Господ Исус Христос. Овој празник е матица на сите други црковни празници, бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера.

Семејството на Бадник се собира на заедничка вечера и според обичајот оваа вечер не се оди на гости. Се прави богата, посна трпеза.

Домаќините се трудат да принесат од се по нешто за да им биде богата трпезата во текот на целата година. Се меси погача, а во некои места се прават зелници во кои се става паричка. Се верува дека оној кај кого ќе падне паричката ќе го следи среќа во текот на целата година. Пред почнувањето на вечерата на која сите се собрани, домаќинот ја благословува трпезата, го крши кравајчето, а некаде го дели зелникот, на толку делови колку што има членови во семејството, оставајќи уште дел за Бога и дел за куќата.

Исто така, вечерта во огнот се става бадниково гранче кое се смета за најздраво дрво, за да бидат здрави сите во семејството. Бадниковите гранчиња се симбол на среќата, љубовта и светлината, со кои православните верници ги украсуваат домовите за Бадниковата вечер, во пресрет на Божиќ.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Челзи со нов тренер веќе во среда на гостувањето кај Фулам?!

Следно

Близнаците да не бидат нервозни, Јарецот да избегнува да ги менува луѓето

Latest from Blog

Пролетта тропа на врата: Утрата со минусни температури, преку ден температури и до 20 степени

Времето утре во Република Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, без врнежи. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северен и североисточен правец. Утринските минимални температури ќе се движат

Митровски: За брзо ќе бидеме преплавени со станови, не може толку да се продадат

Слободан Митровски, од Aгенцијата за недвижности „Асторија“, вечерва во емисијата Бизнис21 на ТВ21 истакна дека за брзо време градот ќе биде преплавен со станови кои не може толку да се продадат. „Немаме

Хоџа најави трајни решенија: 85 милиони денари за инфраструктура во Ласкарце

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска присуствуваше на почетокот на изградбата на водоводната мрежа и атмосферската канализација за жителите на селото Ласкарце во општина Сарај. „Правиме пресврт во

Прв пат е објавена снимка на борба меѓу украински робот и руски војник (Вознемирувачко видео)

Видеото се припишува на 411-та чета за специјални беспилотни системи „Јастреби“. Не е познато точно каде или кога се случила борбата,објави Б92. Видеото, објавено на социјалната мрежа X, прикажува возило кое се
Go toTop