Пратениците донесоа повеќе закони

October 29, 2024
1 min read

Собранието во рамки на 17. седница денеска без расправа донесе повеќе закони по скратена постапка. Седницата продолжи со Предлог на национална развојна стратегија 2024-2044 година, второ читање и Предлог на програма за спроведување на Националната развојна стратегија за периодот 2024 – 2028 година.

Донесени се измените на Законот за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти, а на дневен ред се и измени на Законот за урбано зеленило, на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија, на Законот за јавните патишта, на Законот за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај, на Законот за поштенските услуги, на Законот за скијалишта, на Законот за домување, на Законот за автокампови, на Законот за градежно земјиште.

Пратениците ги изгласаа и измените и дополнувањата на Законот за градење, за измените на Законот за урбанистичко планирање, за изменување на Законот за воздухопловство, за измените и дополнувањата на Законот за внатрешната пловидба, за измените на Законот за сигурност во железничкиот систем, за измените на Законот за интероперабилност во железничкиот систем, за измените на Законот за жичари и ски-лифтови, за измените на Законот за договорите за превоз во железничкиот сообраќај, за измени на Законот за градење.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Интер ги намали загубите на крајот од сезоната 2023/24

Следно

Буџетот за 2025 година нема да донесе повисоки плати, само корекција на коефициенти

Latest from Blog

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop