Познатиот битолски архитект влегува во трката за градоначалник

September 2, 2025
1 min read

Познатиот битолски архитект и сценограф Зоран Николовски официјално поднесе кандидатура за независен кандидат за градоначалник на претстојните локални избори во Битола.

Николовски е вработен во Завод и Музеј Битола од 1999 година, а во два наврати раководеше со оваа институција – од 2006 до 2010 година, за време на владата на ВМРО-ДПМНЕ, и неодамна како в.д. директор предложен од партијата ЗНАМ. Тој беше сменет по одлука на министерот за култура Зоран Љутков, кој не ја продолжи неговата функција. Познат е по бројни проекти и поставки во музеите низ земјата, како и по јавните архитектонски идеи за поубава Битола кои ги објавуваше на социјалните мрежи.

На претходните локални избори Николовски беше еден од внатрепартиските кандидати на ВМРО-ДПМНЕ, но довербата тогаш ја доби Тони Коњановски.

 

Во изјава за „Апла“, Николовски ја објасни својата одлука:

„Мојата кандидатура е природна реакција на досегашното владеење на политичарите во Битола. Јас не сум политичар, јас сум архитект. Архитектот е конструктивен, политичарот е деструктивен. Цел мој живот сум го посветил на родниот град и многу добро знам што му треба и како тоа да го направам. Мојата визија ми е сè во животот – со неа се будам, со неа заспивам.“

Со неговата кандидатура, бројот на независни кандидати за градоначалник на Битола се зголемува на тројца. Покрај Николовски, во трката се и Ќире Димов, поддржан од партијата ТМРО на Ванчо Шехтански, и Габриела Илиевска од граѓанската иницијатива „Поинаку“.

Од редовите на партиите, досега официјално свои кандидати имаат актуелниот градоначалник Тони Коњановски од ВМРО-ДПМНЕ и Методија Куновски од СДСМ. Битолчани со внимание очекуваат дали и Левица ќе излезе со сопствен кандидат или ќе даде поддршка за некој од веќе најавените.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дневен хороскоп: Овенот да избегнува исцрпеност, додека Бикот да внимава на стресот

Следно

Јужна Кореја: Околу 2000 севернокорејски војници загинаа во Русија

Latest from Blog

ПСЖ се засили со репрезентативец на Франција!(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/PSG/ Пари Сен Жермен објави дека го ангажирал францускиот репрезентативец Лукас Дињ (33), кој пристигнува во Париз од Астон Вила. Искусниот лев бек потпиша договор со актуелниот француски и европски шампион до

Драма на Преспанското Езеро, 71-годишен рибар исчезна во водата, го бараат нуркачи од „Тигар“

Седумдесет и едногодишен скопјанец исчезнал вчера во водите на Преспанското Езеро, откако скокнал од чамец за да ги земе веслата кои му паднале во водата. Како што информира МВР, случајот бил пријавен

Дортмунд ги казни грешките на Арсенал и си замина дома со трофеј

ФОТО:.facebook.com/BVB Борусија Дортмунд го победи англискиот шампион Арсенал со 3-2 на домашен терен во пријателски натпревар и со тоа го освои Емирати Купот. Натпреварот на стадионот „Емирати“ започна подобро за гостите, кои

Нетанјаху го отфрла планот на Трамп за Газа

Неговата изјава доаѓа една недела откако американскиот претседател Доналд Трамп објави значителен напредок во разговорите. Одборот за мир (BoP) на Трамп потоа презентираше нов план од 15 точки, кој треба да воспостави

Без струја делови од Тетово, Теарце и Рогачево

Поради планирани прекини во електро-дистрибутивната мрежа, во понеделник (10 август) без електрична енергија привремено ќе останат делови од Тетово, Теарце и Рогачево. Според најавата, во Рогачево прекинот е планиран од 09:00 до
Go toTop