Пожари во Европа и на Балканот

August 14, 2025
1 min read

Шумските пожари, предизвикани намерно или од грмотевици, а поттикнати од топлотниот бран и силните ветрови, продолжуваат да уништуваат делови од Јужна Европа, палејќи домови и принудувајќи илјадници жители и туристи на евакуација.

Од почетокот на годината, во Еврозоната, опожарени се речиси 440.000 хектари. Ништо подобро не е ниту на Балканот…За 24 часа, во Албанија регистрирани  64 пожари…Најкритично во округот Валона, каде и покрај сите напори, пожарите продолжуваат да се шират…Издадена е наредба за евакуација откако во регионот, веќе изгореа осум села…Од министерството за внатрешни работи пак велат дека за само 2 месеци – за 137 лица постои сомневање дека ги предизвикале пожарите…

Во меѓувреме, се подобрува ситуацијата со пожарите во Грција …активни остануваат на Пелопонез и на островот Хиос ..Три лица се уапсени под сомнение дека подметнале два од низата пожари во близина на градот Патра, во северозападниот дел на Пелопонез …

Василис Ватракојанис  – портпарол на противпожарната служба на Грција 

„Тешко ќе биде да се изгаси пожарот на Хиос бидејќи е на непристапен терен во северозападниот и североисточниот дел. ..Упатуваме силна препорака за избегнување на активности што би можеле да предизвикаат пожар. Силите на Противпожарната служба, како и сите сили на цивилната заштита, остануваат во состојба на целосна готовност. “

Ден на жалост во Црна Гора по смртта на припадник на армијата кој учествуваше во гаснењето на пожарите кои ја зафатија земјата…Продолжува борбатаб со пожарите кои опустошија дел од земјата а Институтот за јавно здравје апелира на претпазливост бидејќи воздухот е загаден… Бесплатни заштитни маски можат да се добијат од државните аптеки. 

Здравко Ивановиќ – жител на Црна Гора

„Ситуацијата беше апокалиптична. Се гореше . За среќа навреме дојде противпожарната служба и успеа да спаси голем дел од шумата. “

Пожари и во Хрватска…После вчерашниот тежок ден за пожарникарите во Истра, ситуацијата денеска е стабила и под контрола…

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кривичниот суд се уште го нема прифатено обвинителниот акт за случајот Кочани

Следно

Ѓорческа ќе игра четвртфинале на турнирот во Србија

Latest from Blog

Проданоски: Пожарот на градската депонија во Прлеп е ставен под контрола

Пожар избувна денеска околу 14 часот на градската депонија кај Алинци во Прилеп, по што на терен веднаш интервенирале повеќе служби и институции. Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, информираше дека веднаш по

Израел го нападна Институтот за истражување на вселената во Техеран

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека е уништена зградата во Техеран во која се „развиваше воено-вселенска програма“, вклучително и сателитот „Шарман 1“, што беше лансиран во 2024 година. На социјалните медиуми објавени

Психологот Стојанова: Процесот на закрепнување на повредените од Кочани е тежок и бавен

Девет психолози од Кочани, Охрид и Скопје веќе една година работат со повредените и родителите на загинатите деца во трагедијата во Кочани. Во Центарот за ментално здравје секојдневно преку работилници и разговори,
Go toTop