Повторно одложено конституирањето на косовското Собрание, нов обид во понеделник

June 7, 2025
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Конститутивната седница на косовското Собрание е одложена и денес, откако повторно немаше доволно гласови за избор на Комисијата со тајно гласање за избор на претседател на Парламентот, известува Анадолу.

Претседавачот со Собранието, Авни Дехари, изјави дека ги повикал претставниците на Демократската партија на Косово (ДПК), Демократскиот сојуз на Косово (ДСК), Алијанса за иднината на Косово (АИК) – Социјалдемократска иницијатива (НИСМА) и Српската листа да предложат свои членови за Комисијата за тајно гласање за избор на претседател на Собранието, но тоа не се случи.

Претседавачот Дехари ги повика пратениците да гласат за членовите на Комисијата, но само 48 пратеници гласаа „за“, што е помалку од сите претходни гласања досега.

Во салата биле присутни 85 пратеници.

По уште еден неуспешен обид, Дехари ја прекина седницата и го закажа нејзиното продолжение за понеделник во 11 часот.

Дехари на пратениците им се обрати со зборовите: „48 пратеници гласаа ‘за’, ниту еден против, ниту еден воздржан. Се гледаме на 9 јуни во 11 часот“.

Конститутивната седница на косовскиот Парламент започна на 15 април, но мандатите на пратениците им беа потврдени дури по четири дена.

По сите неуспешни обиди за јавен избор, Движењето „Самоопределување“ предложи тајно гласање, но ниту овој предлог не доби поддршка од мнозинството пратеници.

Втората по големина партија, Демократската партија на Косово (ПДК), претходно побара Движењето „Самоопределување“ да го смени својот кандидат за претседател на косовското Собрание за да го поддржат изборот за претседател на Парламентот, но вршителот на должноста премиер на Косово и лидер на Движењето „Самоопределување“, Албин Курти, во неговите досегашни изјави за медиумите, наведе дека не станува збор за промена на кандидатката Албулена Хаџиу, обвинувајќи ја опозицијата за блокирање на конституирањето на Собранието.

Од 19 април се водат обиди за избор на претседател на Парламентот, но кандидатката на Движењето „Самоопределување“, Албулена Хаџиу, засега не успева да освои 61 глас, колку што се минимум потребни за да биде избрана.

Пратениците мора да изберат претседател и пет потпретседатели за конечно да го конституираат новото Собрание на Косово. Само откако ќе се конституира Собранието, може да се формира нова влада.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Физички напад во Пепелиште – побегнал кај родителите, но напаѓачите го следеле!

Следно

Вардар и Пелистер пред полн СЦ „Јане Сандански“ ќе одлучуваат за титулата

Latest from Blog

Под истрага е директорот на Светскиот економски форум поради поврзаност со педофилот Епштајн

Организаторот на самитот во Давос, со седиште во Женева, изјави дека ги испитува информациите од Министерството за правда на САД кои покажуваат дека Бренде имал три деловни вечери со Епштајн и комуницирал

Како бремените жени станаа мета на дезинформации за вакцините

Додека институциите често покажуваат недоволна иницијатива и слаб одговор на проблемите, јавниот дискурс во земјата станува сè повеќе изложен на родови дезинформации кои ја потценуваат сериозноста на насилството врз жените, ги замаглуваат

Божиновска: Македонија го забрзува патот кон европскиот енергетски пазар

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го презентираше напредокот на Реформската агенда пред амбасадорите на Европската Унија. На средбата се акцентираше на праведна енергетска транзиција, интеграција во европскиот енергетски пазар и

Меџити: „Цветан Димов“ ќе стане современ булевар во општина Чаир

Оваа година се очекува да започнат работите на улицата „Цветан Димов“ во Чаир, една од најпроблематичните сообраќајни артерии во Скопје, каде секојдневно се забележува хаос. Проектот доби зелено светло во Советот на
Go toTop