Повеќето од болниците и здравствените центри во Газа не се во функција по израелската војна што трае еден месец

November 7, 2023
1 min read

КУДС (АА) – Помина еден месец од израелската војна против Газа, а повеќето болници и здравствени центри низ Газа беа принудени да не работат или поради директно бомбардирање или поради недостиг на гориво и медицински материјали, рекоа официјални лица, пренесува Анадолу.

Израел извршил најмалку 102 напади врз здравствените центри од избувнувањето на борбите во Појасот Газа на 7 октомври, според Светската здравствена организација (СЗО).

СЗО соопшти дека како резултат на нападите врз здравствените центри загинале 504, а повредени се 459 лица, додека оштетени се 39 објекти и погодени се 31 амбулантно возило.

Според Канцеларијата за медиуми во Газа, само 18 болници функционираат делумно и под исклучително тешки услови бидејќи немаат гориво и медицински материјали.

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас пред еден месец.

Оттогаш се убиени најмалку 10.022 Палестинци, меѓу кои 4.104 деца и 2.641 жени. Во меѓувреме, бројот на загинати во Израел е скоро 1.600, според официјалните бројки.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Oд американската амбасада до Владата: Голем протест на пензионерите

Следно

Поради запалени прагови на пруга помеѓу Слепче и Браилово не сообраќа единствениот воз на релација Битола-Прилеп- Велес-Скопје

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop