Повеќе од 170 Палестинци се убиени во нападот на израелската војска на болницата Ал Шифа

March 23, 2024
1 min read

АЛ КУДС (ЕРУСАЛИМ) – Повеќе од 170 Палестинци се убиени во нападот на израелската војска на болницата Ал Шифа во Појасот Газа, известува Анадолу.

Израелската војска објави дека продолжуваат „операциите“ на воените сили и Израелска служба за безбедност Шин Бет на подрачјето на болницата Ал Шифа.

Во рациите и нападите од 18 март досега врз болницата и нејзината околина, убиени се 170 Палестинци.

Израелската војска продолжува со нападите во регионот Ал Карара и во градот Хан Јунис во централниот и јужниот дел на Газа.

Израел прво во ноември минатата година упадна во болницата Ала Шифа, најголемата медицинска установа во тоа подрачје, во кое се наоѓаат илјадници пациенти и раселени лица, под изговор дека палестинската група Хамас објектот го користи како команден центар. Последниот напад на болницата започна во понеделникот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најмалку 93 мртви во пукањето на концерт во близина на Москва, уапсени четворица терористи

Следно

Уапсени неколку од терористите кои го извршија нападот во Москва

Latest from Blog

Илјадници луѓе излегоа на улиците на Лондон за шарената новогодишна парада

Повеќе од 8.000 изведувачи учествуваа во манифестацијата долж рутата од Пикадили до Вајтхол во Вест Енд, која вклучуваше марширачки бендови, акробати и свечени платформи, пренесе ДПА. Толпите луѓе им пркосеа на ниските

Вознемирувачко видео: Се појавија нови снимки од Кран-Монтана – луѓето панично бегаат!

Светот е згрозен од новите детали за катастрофалниот пожар во барот „Ле Констелејшн“ во швајцарскиот зимски центар Кран-Монтана, каде според италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани, бројот на загинати се искачи

МЗ ги разгледува можностите за медицинското згрижување во Македонија на повредените од Швајцарија

Министерството за здравство ги разгледува можностите и расположливите капацитети за да ѝ обезбеди соодветна поддршка на Швајцарија во делот на медицинското згрижување на повредените од трагичниот пожар во Кран-Монтана. Во таа насока,
Go toTop