Повеќе од 10 израелски војници убиени во Газа изминатите неколку дена

December 24, 2023
2 mins read

Вчера вечерта и покрај дождот илјадници луѓе излегоа на протест во Тел Авив, на кој извикуваа: „Биби, Биби не те сакаме повеќе“, мислејќи на изралескиот премиер Бенјамин Нетанјаху

Повеќе од десет изралески војници се убиени во борбите во Појасот Газа во изменинатите неколку дена, соопшти денеска израелската војска, по едни од најкрвавите денови од војната по почеоткот на копнената офанзива на Израел во енклавата кон крајот на октомври, јавуваат светските агенции.  

Израелски војници во патрола во близина на границата со Појасот Газа / Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Според информациите, во борбите во централниот и јужниот дел на Газа во петокот и вчера загинале 13 израелски војници, што според агенцијата „Асошиејтед прес“ (АП) покажува дека Хамас сè уште пружа силен отпор на изралеската војска по повеќе од два месеци воена кампања.  

Зголемениот број на загинати меѓу изралеските војници, велат анализите, веројатно ќе биде важен фактор за поддршката на изрелската јавност на војната која започна кога милитантите на Хамас на 7 октомври го нападнаа јужниот дел на Израел убивајќи 1 200 луѓе, а 240 беа земени како заложници.  

Војната која беснее речиси три месеци опустоши делови од Појасот Газа, каде според, здравствените власти под контрола на Хамас се убиени повеќе од 20 000 Палестинци, а речиси 85 отсто од 2,3 милиони жители на енклавата се раселени.   

Израел и понатаму останува цврсто на целите на својата воена кампања – целосно уништување на Хамас и ослободување на преостанатите 129 заложници. Позицијата на Израел останува стабилна и покрај зголемениот меѓународен притисок против израелската офанизва и зголемената смрт и страдање на Палестинците. 

Сепак, како што оценува АП, зголемениот број на загинати израелски војници може да ја поткопа таа поддршка. Смртта на војниците е чувствителна и емотивна тема во Израел, каде воената служба е задолжителна за повеќето Евреи.  

Според податоците на Израле, вкупно 152 припадници на изралеските одбранбени сили биле убеини во офанзивата во Појасот Газа.  

Имињата на загинатите војници се објавуваат на врвот на вестите на час, а во мала земја со околу девет милиони жители, практично секое семејство има роднина, пријател или соработник кој изгубил член на семејството во војната. 

Додека Израелците ги поддржуваат воените напори, постои и гнев против владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху, која многумина ја критикуваат за неуспехот да ги заштити цивилите на 7 октомври и дека со неговите политики му овозможил на Хамас да стане посилен со текот на годините.  

Вчера вечерта и покрај дождот илјадници луѓе излегоа на протест во Тел Авив, на кој извикуваа:  

„Биби, Биби, не те сакаме повеќе“,

мислејќи на Нетанјаху кој е познат по овој прекар.  

Израелски активисти истакнуваатв пароли на вчерашниот антивоен протест во Тел Авив / Фото: EPA-EFE/ATEF SAFADI

Нетанјаху не ја презеде одговорноста за воените и политичките неуспеси кои доведоа до 7 октомври, велејќи дека ќе одговори на тешките прашања штом ќе завршат борбите. 

Вчера, портпаролот на израелската армија Даниел Хагари рече дека војниците ја прошируваат офанзивата во северниот и јужниот дел на Газа и дека се борат во „комплексните области“ во Кан Јунис, вториот по големина град во Појасот Газа, каде што Израел вели дека се кријат лидерите на Хамас. 

Американскиот претседател Џо Бајден вчера разговара со изралексиот премиер, соопшти Белата куќа. Тој јан истакнал поддршката за Израел, истовремено изразувајќи загриженост поради зголемениот број жртви и хуманитарната криза во Газа.   

Бајден одби да сподели деталите со новинарите за разговорот со Нетанјаху, велејќи дека станувало збор за „приватен разговор“, но додаде:  

„Не побарав прекин на огнот“,

рече американскиот претседател. 

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Боите на Старата скопска чаршија

Следно

ЦУК: Спасено едно лице паднато во бунар

Latest from Blog

Турски државјанин почина во автобус кон комплексот Свети Наум во Охрид

На 18.05.2025 во 11.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека во автобус кој превезувал група туристи од Република Турција кон туристичкиот комплекс „Св.Наум“, починал турскиот државјанин И.Х.(64). Смрт без траги на

Изборот на новиот Гувернер на Народна банка ќе почека на конечната одлука на Силјановска

Претседателката на државата денес треба да достави до Собранието предлог за нов гувернер на Народната банка, за кој, според најавите, ќе се одлучува утре на пленарна седница. Петгодишниот мандат на сегашната гувернерка

Макрон ќе најави рекордни 37 милијарди евра странски инвестиции во Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе најави рекордни 37 милијарди евра странски инвестиции на годишниот самит „Избери ја Франција“ (Choose France), во момент кога локалната економија се соочува со висок дефицит, слаб

МВР со апел за безбедни матурски прослави

„На матурска прослава без автомобил!“, „Без конзумирање алкохол!“, Без користење наркотични средства!“, „Без нарушување на јавниот ред и мир!“, е апелот од МВР за безбедни матурски прослави. Како што информираат од МВР,
Go toTop