Повеќе од 1 100 уапсени во серијата немири во Франција

July 1, 2023
1 min read

Во четвртата по ред ноќ на насилни протести повредени се 200 полицајци, а приведени се околу 300 демонстранти. Дел од градоначалниците бараат владата да прати нови сили за справување со насилствата

Синоќа, најтензично било во Марсеј. Насилства и кражби се регистрирани и во Париз, Лион, Тулуз, Стразбур и Лил, иако на улиците на француските градови беа распоредени  45 000 полицајци помогнати од оклопни возила и хеликоптери. Во центарот на Марсеј, демонстрантите ограбиле продавница за оружје, но не успеале и да дојдат до муницијата. Градоначалникот на Mарсеј, Беноа Пајан, ја повика владата веднаш да испрати дополнителни единици за справување со немирите.

Полиција на улиците на Нантер, Фото: EPA-EFE/JULIEN MATTIA

Министерот за внатрешни работи, Жералд Дарманен, објави дека синоќа биле приведени 270 лица, со што вкупниот број на уапсени во изминатите четири дена достигна над 1 100. Toj побара од локалните власти да го запрат јавниот превоз по 21 часот –  не ја исклучи можноста и за воведување вонредна состојба.

Немирите во Франција избувнаа отако во вторникот полицаец во париското предградие Нантер со пиштол уби 17 годишно момче.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Француската полиција приведе речиси 1.000 лица, меѓу нив и 13-годишници

Следно

Најмалку 45 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Кенија

Latest from Blog

САД подготвуваат копнена офанзива против Иран?

 Американскиот претседател и натаму тврди дека преговорите со Техеран добро напредуваат, Иран категорично негира, а разногласијата повторно ја вивнаа цената на нафтата на 110 долари за барел, особено по информациите дека Пентагон

Димитриевски: Прагматично зголемување на минималната плата и цврста линија за ЕУ и уставните измени

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, оцени дека минималната плата треба да се зголеми, но тоа да се направи врз основа на договор меѓу работодавачите и синдикатите, водејќи сметка

МБИ10 со пад од 0,16% – Комерцијална банка и Алкалоид најтргувани на денешната сесија –

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 27 март 2026 година, индексот МБИ10 забележа пад од 0,16% и заврши на 9.932,53

Ливерпул продолжува да се потпира на Арне Слот

фото: Liverpool France (X) Добро познатиот новинар Дејвид Орнштајн коментираше за иднината на менаџерот на Ливерпул, Арне Слот. „Сите наши информации, и покрај некои спротивни извештаи, се дека Ливерпул се потпира на

Уметноста на живеењето како заедничка вредност: Diners Club и Драмски театар во нова ера на соработка

Во срцето на секоја заедница стојат приказните кои не обликуваат, а во Скопје, тие приказни веќе осум децении се раскажуваат на сцената на Драмски театар. Токму во годината на овој значаен јубилеј
Go toTop