Повеќе од 1.000 загинати во земјотресите што го потресоа Мјанмар

March 29, 2025
2 mins read

ПЕКИНГ (АА) – По двата земјотреси со јачина од 7,7 и 6,4 степени што вчера го потресоа Мјанмар и околните земји, бројот на загинати во оваа земја и во соседен Тајланд надмина 1.000, известува Анадолу.

Воената управа во Мјанмар објави дека во земјотресите досега загинале 1.002 лица, а 2.376 лица се повредени.

И во Бангкок, главниот град на Тајланд, каде земјотресот бил силно почувствуван, животот го загубија 6, а 22 лица се повредени при уривање на висококатница во изградба.

Бројот на лица кои ги загубија животите во земјотресите со епицентар во регионот Сагаинг, во централниот дел на Мјанмар, надмина 1.000, но се стравува од дополнително зголемување на нивниот број.

Освен во Мјанмар и Тајланд, земјотресите предизвикаа штети и во некои делови на кинеската провинција Јунан, кој е во непосредна близина на Мјанмар. Сѐ уште нема информации за жртви во оваа држава, каде што има повредени.

– Се урнаа манастир, брана и мост

На социјалните мрежи објавени се голем број видеа на кои може да се забележат голем број урнати згради и оштетена инфраструктура, вклучително и историскиот будистички манастир Ма Сое Јане, во Мандалај, вториот по големина град во Мјанмар, каде што земјотресот беше најмногу почувствуван.

Хуманитарната организација Христијанска помош (Chirstian Aid) обајви дека нивните претставници кои се на местото на несреќата известиле дека браната во градот се урнала и нивото на водата се зголемува во ниските подрачја.

Во регионот Сагаинг, епицентарот на земјотресот, се урнал мост, а оштетен е и автопатот што ги поврзува градовите Мандалај и Јангон.

Од земјотресот се оштетени објекти во главниот град Нејпидо, меѓу кои има и верски храмови.

Портпаролот на воената администрација, генерал-мајор Зау Мин Тун соопшти дека во болниците во регионите погодени од земјотресот има итна потреба од крв и апелираше за дарување крв.

– Кина, Русија и Индија испратија спасувачки тимови

По меѓународниот повик за помош упатен од воената администрација во Мјанмар по земјотресот, земјите почнаа да испраќаат спасувачки тимови и помош.

Кинеската агенција Синхуа објави дека хуманитарен тим од 37 лица од кинеската провинција Јунан ова утро стигнал во градот Јангон во Мјанмар. Спасувачкиот тим со себе носи детектори за топлина, системи за предупредување за земјотреси и беспилотни летала со цел да помогне во активностите за спасување на настраданите.

Руската агенција ТАСС објави дека руското Министерство за вонредни ситуации испратило два авиони со 120 спасувачи и хуманитарен материјал за настраданите.

Индискиот министер за надворешни работи Викрам Мисри на платформата на социјалните мрежи Х објави дека неговата земја испратила спасувачки тим и медицински тим, како и основни материјали како што се ќебиња, церади, хигиенски комплети, вреќи за спиење, светилки на соларна енергија, пакети со храна и прибор за погодените од земјотресот.

Во меѓувреме, Министерството за надворешни работи на Малезија и малезиската амбасада во Мјанмар објавија дека ќе испратат хуманитарна помош и тим од 50 службеници за помош при катастрофи во Јангон.

– ОН ќе доделат 5 милиони долари фонд за итни случаи

Канцеларијата за координација за итна помош за хуманитарни прашања на Обединетите нации (ОН) објави дека е доделен итен фонд од 5 милиони американски долари за активности за помош при катастрофи во регионот.

Портпаролот на ОН Стефан Дујарик изјави дека очекуваат земјотресот дополнително ќе ја усложни хуманитарната ситуација во Мјанмар, каде во моментов 20 милиони луѓе имаат потребна хуманитарна помош.

– Потешкотии во пристапувањето до погодените подрачја

Додека воената администрација во Мјанмар прогласи вонредна состојба во 6 региони поради катастрофата, не е познато дали може да се достави помош во некои делови од земјата каде сѐ уште трае граѓанската војна.

Црвениот крст соопшти дека медицинските тимови имале потешкотии при пристапот до регионите Мандалај и Сагаинг, каде земјотресот предизвика најмногу разурнувања, и во јужната провинција Шан, поради оштетувањето на далноводите.

Во соопштението се наведува дека според првичните извештаи од терен, земјотресите направиле големи штети.

Два земјотреси со јачина од 7,7 и 6,4 вчера напладне го потресоа подрдачејто на Сагаинг, во централниот дел на Мјанмар. Земјотресите освен во Мјанмар, сино се почувствуваа и во соседните Тајланд и Кина.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Во Кочани пронајдена дрога, приведени четири лица

Следно

Пеп за бонусот на Светското клупско првенство: Јас и тимот не го заслужуваме тоа

Latest from Blog

Празник на појасот на Пресвета Богородица

Празник на појасот на Пресвета Богородица После своето успение, Пресвета Богородица му го даде својот појас на апостолот Тома. Тој појас подоцна беше пренесен во Цариград и чуван во запечатен ковчег во

ЈО и Коцевски повеќе да не молчат: Кој ги злоупотребил АНБ и АР за политички пресметки и кој наредил да се следи Мицкоски?

ЈО да не молчи,  итно да реагира и да спроведе темелна и транспарентна истрага за незаконското следење на претседателот Мицкоски, новинари, бизнисмени и останати партиски функционери. Дали ЈО и Коцевски ја штитат

Фото: Забава со 700 гости за 18 роденден на ќерката на српскиот пејач Саша Матиќ, Тара

Како што се очекуваше, на забавата пристигна скоро целата српска естрада, бидејќи популарниот сале е одличен пријател со скори сите негови колеги и колешки. Секако исти релации одржува и целото негово семејство. 
Go toTop